Најубавиот старински колач со жолт фил: Рецепт кој не смее да се заборави

Најубавиот старински рецепт:

Потребни состојки:

350 г шеќер
1 ванилин шеќер
2 јајца
1 лажица лимонов сок
400 мл млеко
150 мл масло
200 г мелени ореви
400 г брашно
1 прстофат сол
1 прашок за печиво

За жолт фил:

700 мл млеко
100 г шеќер
2 пудинг од ванила
125 г маргарин или путер

за чоколаден фил:

Loading...

700 мл млеко
100 г шеќер
2 пудинг од чоколадо
125 г маргарин или путер

Постапка:

Прво се прави тестото: Изматете ги пенасто јајцата со шеќерот и ванилата, а пред крајот додадете го и лимоновиот сок. Матете додека да добиете смеса со убава жолта боја.

Со непрестајно матење постепено додадете го млекото, па намалете ја брзината и полека додадете го маслото и мелените ореви. Потоа лажица по лажица додадете го брашното претходно измешано со прашокот за печиво.

Големиот плех од рерна добро намастете го и наросете го со брашно, па излејте ја смесата и ставете ја да се пече во загреанат рерна на 170 степени, половина час.

Исклучете ја рерната, подотворете ја и оставете го колачот внатре уште 10 минути. Потоа извадете го и оставете го 20 минути во плехот да се лади, па дури потоа извадете ја кората и пресечете ја на половина, да добиете две големи – тенки кори. Едната вратете ја во плехот и ако е потребно израмнете ја со нож.

Пригответе го жолтиот фил: 2 пудинзи од ванила разматете ги во 100 мл млеко, а остатокот ставете го на оган со 100 г шеќер. Кога ќе проврие додадете го пудингот и мешајте постојано додека да згусне.

Во сварениот пудинг додадете 125 г путер и мешајте со жица додека целосно да се растопи и соедини со филот. Прелијте го преку првата кора, па преклопете со втората кора.

Чоколаден фил: Сварете го на истиот начин како и жолтиот, па прелијте го преку втората кора. Одозгора наросете со сечкани ореви и оставете да се олади, најмалку 4 часа во фрижидер, а најдобро преку цела ноќ. Уживајте во слатките, меки коцки!

Loading...