Мајка ми одамна го прави за посна слава, но јас го правам и во обични денови зошто е многу сочен, мирисен и ароматичен, а дома сите го сакаме. Следува рецептот: Македонски сочен колач со гриз, ореви и суво грозје – додека се пече цела куќа ви мириса прекрасно.

Ова е најсподелуваниот рецепт на Балканот. Македонскиот колач е толку добар што додека го печете целата куќа ви мириса прекрасно, а за вкусот нема потреба да се коментира – пробајте го и уверете се сами… За да го приготвите овој посен колач ќе ви бидат потребни следните состојки:

5 шолји газирана вода, 5 шолји брашно, 3 шолји масло, 3 шолји пченичен гриз, 1 лажичка цимет, 100 г сечкано суво грозје, 100 г сечкани ореви и 1 прашок за печиво. ЗА СИРУП: 250 г шеќер, 1 ванилин шеќер и 250 мл вода. За наросување: 50 г сечкани ореви, по желба (не мора, но многу убаво изгледа).

За мерење се користи една шолја од 150 мл. ПОСТАПКА: Просејте 5 шолји брашно со еден прашок за печиво и една лажичка цимет. Додадете три шолји гриз, 100 г крупно сечкано суво грозје и 100 г крупно сечкани ореви. Сето убаво измешајте го во подлабок сад (вангла).

Во средината од сувите состојки направете вдлабнатина па излејте 5 шолји газирана вода и три шолји масло. Сето убаво промешајте го за да се изедначи смесата. Може да користите и миксер, а можете и едноставно со жица за матење. Рерната загрејте ја на 180 степени.

Плехот со димензии 25х35 см обложете го со хартија за печење и излејте ја смесата. Одозгора врз тестото можете да наросите и 50 г сечкани ореви. Печете 35-40 минути. Пробајте со чепкалка дали е печен колачот, извадете го плехот и оставете го колачот да излади.

Во меѓувреме направете го сирупот: сварете 250 г шеќер, 1 ванилин шеќер и 250 мл вода околу 3-4 минути и со врел сируп прелијте го изладениот колач. Колачот оставете го на собна температура додека да го впие целиот сируп. Сечете на коцки, штангли, тријаголници…

А може и директно да се јаде од плех… за нестрпливите. Можете да ставите и прелив со чоколадо и така колачот е уште повкусен. Во тој случај тестото не се наросува со сечкани ореви пред печењето. Или пак, можете да го прелиете со чоколадна глазура помешана со чоколадни снегулки.

Глазура се прави од 100 г темно чоколадо, 50 г путер, 1 лажица кисела павлака, 1 лажица масло – сето добро се соединува на тивок оган и се прелива преку колачот. Одлично се сече, чоколадото не се двои од кората без разлика што претходно била прлиена со сируп.

Доколку ве интересира, можете да го прочитате и следниот рецепт: Прелиен старински колач – раванија – едноставно, брзо и многу евтино. Рецепт и видео презентација на “Домашен Готвач” – Топеница, старински колач. За овој колач се потребни 10 јајца и се приготвува нешто слично на познатиот кох.

Во видеото е прикажано дека јајцата се матат цели заедно со шеќерот, а во некои други рецепти прво се матат белките во цврст снег, а потоа постепено се додаваат жолчките, а сувите состојки се матат на послаба брзина или рачно.

Во тестата не се содржи прашок за печиво, а освен брашно се става и гриз, така што можеби и нема потреба од посебно матење на белки и жолчки, затоа што гризот не дозволува “растење” на кората. Меѓутоа, кога ќе се испече, прелие со сируп и добро впие и излади, овој колач е превкусен.

Ако сте го јаделе кај вашите баби, сигурно ќе ве врати во детството… И уште една напомена: сирупот додавајте го постепено, не го ставајте целиот одеднаш зошто можеби ќе нема потреба целата количина да ја ставите.

Потребни состојки за прва кора: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 2,5 лажици брашно, 2,5 лажици гриз, 150 г ореви, 150 г рендано чоколадо или во прав. За кора 2: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 2,5 лажици брашно, 2,5 лажици гриз. За сируп: 600 г шеќер, 650 мл вода. За наросување: мелени/сечкани ореви и рендано чоколадо.

Постапка: Во длабок сад за матење пенасто изматете пет јајца со пет лажици шеќер. Матете доволно долго додека шеќерот да се растопи, а потоа додадете 2,5 лажици брашно, 2,5 лажици гриз, 150 г мелени ореви и 150 г рендано чоколадо (или во прав).

Продолжете со матење додека да се изедначат состојките, а потоа смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех 30х22 см или обложен со хартија. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, само 10 минути (потоа ќе се допече заедно со вториот слој), колку да фати кора.

За тоа време изматете го тестото за втората кора: пет јајца со пет лажици изматете со миксер, па додадете 2,5 лажици брашно, 2,5 лажици гриз. Жолтата смеса излејте ја врз запечената темна кора и израмнете. Вратете во рерна да се допече на 180 степени околу половина час.

Печениот колач оставете го малку да излади, а потоа пригответе го шербетот од 600 г шеќер и 650 мл вода. Откако ќе зоврие нека се вари 5 минути. Шербетот оставете го 5 минути да подизлади, па рамномерно прелијте го колачот.

Оставете да се олади и да го впие сирупот, а потоа одозгора наросете го со ореви и чоколадо. Послужете го добро изладен. Може да го декорирате дополнително и со топка сладолед од ванила. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.