Под целулит се подразбира нецелосно излачување на т оксините и масните наслаги на сврзното ткиво, најчесто во пределот на нозете, бутовите, стомакот и рацете. Акумулацијата на ток.сини го спречува нормалниот проток на к рв и лимфа во организмот.

Ваквите промени се видливи (без или со притиснување на кожата) како згрутчувања, дифузни перничиња или ограничени јазли. Настануваат поради вишок масно ткиво, ослабено сврзно ткиво, нарушена циркуларција и размена на материи, губење на еластичноста на кожата, како и од задржување на вода во ткивата.

Овие причини се нужно поврзани со животниот стил (лошата исхрана и седечкиот стил на живот), но и со хормонските промени. Други ризик фактори за целулитот се исто така: неконтролираниот с трес, пушењето, некои автоимуни заболувања, дијабет итн.

Иако можеби изгледа чудно, како стресот може да доведе до целулит, но едно истражување на Европската академија за дерматологија дава податоци според кои е јасно дека целулитот може да биде предизвикан од зголемените нивоа на катехоламини, поради с тресот, односно поради високиот кортизол.

Целулитот е значително почест кај жените во однос на мажите, се јавува со текот на годините, но дури и тинејџерките можат да се соочат со него, бидејќи и тие имаат проблеми со тежината и хормонални промени.

Причините за ова се следни: Жените имаат 30% повеќе поткожно масно ткиво од мажите, послабо сврзно ткиво, но и помали количества на тестостерон (машки полов хормон) кој штити од целулитот. Целулитот обично се развива кај девојчиња на возраст од 20 до 25 години, често за време или по бременоста.

Домашен пилинг од мелено кафе и маслиново масло за сува кожа и целулит: резултати за 2 седмици. Пилингот од кафе првенствено е делотворен кај сува кожа. Обилува со антиоксиданси, ја освежува кожата, ја хидратира и природно ја масти за да и ја даде неопходната еластичност.

Потребни состојки: свежо мелено кафе, маслиново масло, ладно цедено.

Постапка: Јас користам само една шолја мелено кафе, но свежо смелено и маслиново масло ставам одокативно, додека да постигнам фина густина. Да речеме, ставам околу 200 мл масло на една поголема шолја мелено кафе.

Ова е наједноставната верзија за пилинг со кафе, а мене ми е најдрага затоа што веќе после две седмици користење можам да речам дека гледам голема разлика. Пилингот го користам на секои два дена.

Целулитот е многу чест кај жените, тоа го знам зошто долго време проучував зошто и како се создава, зошто сите во семејството го имаме генетски наследено. За тоа секако виновен е хормонот естроген и затоа мажите немаат целулит, т.е. многу ретко.

За една жена воопшто да нема целулит треба многу да вежба или природно да има повеќе тестостерон. Овој пилинг е спас во заден час. Кофеинот е одамна познат како ефикасен бо.рец против целулитот. Ја омекнува кожата и ја прави поеластична.

Магичен анти-целулитен крем кој веднаш дава резултати: сон на секоја жена
Потребни состојки: 100 мл бебешки крем, 20 капки есенцијално масло од портокал или друг цитрус, 3-5 капки есенцијално масло од цимет, не повеќе.

Постапка: Добро измешајте ги состојките и чувајте ги складирани во соодветно кутивче. Помеѓу едно мачкање до следното мачкање треба да изминат 8-10 часа.

Теглата веднаш затворајте ја, не ја оставајте подолго време отворена, а по 4 седмици направете нова доза. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска