Два рецепти со медени срца, едниот посен, другиот со џем од кајсии, толку се вкусни што и благодарам на свекрва ми за рецептот

Толку се вкусни, како што името кажува, таков е и вкусот – буквално медени, се топат во уста. Свекрва ми ми го кажа рецептот пред 15 години и оттогаш ги правам за секој роденден на децата, имендени и слави. Неверојатни се, нема да згрешите..

Ако колачињата ги исечете со модли во облик на срце и ги потопите во чоколадо, ова дефинитивно станува “полуситен колач” кој без размислување треба да го запишете во овогодинешниот список на колачиња.

Потребни состојки: 1, 1/2 чаша брашно, 1 чаша шеќер, 1, 1/2 чаша млеко, 3 лажици масло, 5 лажици џем од кајсии, 1 лажица сода бикарбона, 1 лажица додаток за меденици. За фил: 5 лажици џем од кајсија, 100 г рендано чоколадо за готвење. За глазура: 150 г црно чоколадо, 3 лажици масло.

Постапка: Во еден сад измешајте ги сите суви состојки, па постепено со матење со миксер додајте млеко, масло и џем. Добиената смеса која е доста ретка излејте ја во мерен сад за полесно да ја поделите на два еднакви делови.

Би требало да добиете 800 мл смеса. Во намастен и набрашнет плех излејте половина од смесата и печете на 175°C, 15 минути. Извадете од рерна, па веднаш внимателно премачкајте со џем и рамномерно наросете со рендано чоколадо.

Излејте го и вториот дел од смесата па вратете во рерна и печете уште 30 минути. Печениот колач изладете го, сечете со калапче во облик на срце, натопете во чоколадна глазура и оставете да се стегне.

Остатоците после сечењето на срцата искористете ги така што ќе ги изроните ситно, ќе додадете две лажици рум, па ќе направите мали топчиња со влажни раце и ќе ги валкате во чоколадо, а по желба ќе ги украсите.

II РЕЦЕПТ: Посни медени срца готови за половина час, вкусот е неверојатен…Рецепт на Марина Станојевиќ од “Мариниот вкус”. Овој познат рецепт за подготовка на медени срце е знаен уште пред многу години.

Медените срца ги подготвувам со години за секоја пригода, а верувајте веднаш се јадат. Ова е еден од првите колачи што ги направив додека бев мала и сè уште ми е омилен колач.

Со повеќегодишното искуство ја зголемив количината на некои состојки и сега го имам совршениот рецепт за медени срца кој со задоволство го споделувам со вас. Сите состојки во колачот се посни, а водата во рецептот може да ја замените со млеко, но навистина нема потреба.

Потребни состојки за тестото: 300 г шеќер, 1 ќесичка ванилин шеќер, 100 мл масло, 300 мл вода, 600 г брашно, 1 лажичка сода бикарбона, 1 ќесичка прашок за печиво, 1 лажичка какао, 1/2 лажичка цимет, 3 лажици џем од кајсија (или кој било друг џем/мармалад).

За филот: 8 лажици џем од кајсија (или кој било друг џем/мармалад), 1 лажичка цимет, 1/4 лажиче лимонтус (или малку сок од лимон). За глазура: 150 г чоколадо, 5 лажици масло.

Подготовка: Истурете го брашното во сад и измешајте го со прашокот за печиво, сода бикарбоната, какаото и циметот. Потоа додајте го шеќерот, ванилиниот шеќер, маслото, џемот од кајсија и водата и убаво измешајте со жица додека состојките се соединат во хомогена смеса.

Во плех со димензии 24×36 ставете намастена хартија за печење и наросете ја со малку брашно, а потоа истурете половина од смесата и печете во рерна загреана на 180 ° C десет минути додека горниот слој да се стврдне.

Во меѓувреме, измешајте го џемот со циметот и лимонтусот или сокот од лимон. По изминатото време извадете го плехот за печење од рерна, премачкајте половина од подготвениот џем врз полупеченото тесто, а потоа прелијте ја преостанатата смеса, израмнете и вратете да се испечете колачот уште 15-20 минути.

Топлиот колач премачкајте го со преостанатиот фил и оставете го да се излади. Во сад на пареа растопете го чоколадото со маслото, мешајте додека да се соедини, а потоа прелијте го врз колачот.

Кога глазурата ќе се стврдне, со остар н-ож исечете го на парчиња со големина по ваша желба, но и со модли не заборавајте да направите форма на срце. / Marinastaste.com / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

Loading...
Претходна статијаСтарински лек кој ја враќа силата, лекува анемија, отежнато дишење и висок притисок, нема кој не го знае
Следна статијаМагичен антицелулитен крем кој веднаш дава резултати, го користам на 2 дена и конечно можам да си ги покажам нозете без да се срамам