Во текот на неколкумесечниот карантин, повеќето главно се насочија во кујната и откривањето на нови кулинарски искуства и активности, па така, од овој период собравме бројни одлични нови рецепти.

Еден од нив е и рецептот кој настанал од чиста досада, а кој вклучува само две состојки. Станува збор за подготвка на мини крофнички, мини залакчиња кои сите ги обожуваме.

Жената која го осмислила овој рецепт, истиот го споделила своето искуство на социјалната мрежа Твитер, а многумина одлучија да го испробаат.

Потребни состојки:

140 г сенаменско брашно
190 г јогурт

Напомена: Жената во рецептот користи таканаречено самостасувачко (саморастечко) брашно кое кај нас го нема да се купи, но истиот ефект ќе се постигне ако на обичното брашно му додадете една лажичка прашок за печиво.

Постапка:

Соединете ги брашното и јогуртот (додадете и лажичка прашок за печиво, ако го немате истото брашно), правете топчиња и пржете ги во умерено загреано масло.

Готовите крофнички наросете ги одозгора со шеќер во прав, прелијте ги со чоколадо, шарени трошки или послужете ги солени, по желба. Погледнете ОВДЕ.

https://twitter.com/sixtieshairdo/status/1257537784459354112?s=21