Домашна маст која лекува повеќе од 100 болести: лек кој мора да го имате дома на дофат раце, за ден и ноќ

Народната медицина е полна со природни мевлеми кои лекуваат многу болести. Овој е еден од нив.

Потребни состојки:

1 литар маслиново или сончогледово масло
200 г пчелин восок
4 варени жолчки од кокошкини јајца

Постапка:

Сварете ги јајцата и одвојте ги жолчките. Запамтете дека јајцата мора да бидат домашни и свежи. Потоа варените жолчки издробете ги ситно со виљушка и поделете ги на три еднакви дела.

Loading...

Маслото ставете го во емајлиран сад и загрејте го на тивок оган. Додадете го издробениот пчелин восок. Оставете убаво да се растопи на тивкиот оган.

Штом маслото со восокот започне да врие, по страните од садот додадете ја едната третина од варените жолчки. Кога ќе се изедначи смесата додадете ја втората третина и на крај последната.

Жолчката мора постепено да се додава додека смесата да се изедначи. Не прекинувајте со мешање. Тргнете го садот кога е готово, но продолжете со повремено мешање додека смесата да се смири. Потоа оставете да излади, па дури потоа процедете ја низ газа или памучна пелена.

Оваа чудотворна маст чувајте ја во фрижидер и користете ја по потреба. Вака приготвена има рок до 10 месеци.

ЕВЕ ШТО СÈ ЛЕКУВА ОВАА МАСТ:

Болка во увото – земете парче памук и натопете ја малку загреаната маст. Ставете во болното уво. Маста ќе го смири воспалителниот процес и ќе обезбеди одлив на гнојот од средното уво.

Синуситис – маста растопете ја во лажичка, па префрлете ја во пипета. Капнете во носот. Овој процес повторувајте го еден месец, по една капка во секоја ноздрва.

Апцеси во грло, грлоболка – измијте ги рацете па со чист прст премачкајте ги крајниците и грлото. Ова правете го навечер, двапати во растојание од еден час. Наутро ќе исчезнат болките, но мора да се исперат глото и устата со солена вода.

Болки од чир на желудник – земете третина чајна лажичка од оваа маст пред секој оброк.

Запек – земете половина лажичка од маста, трипати дневно пред јадење.

Болки во стомакот и цревата – маста доколку се консумира на погоре споменатиот начин ги смирува и ублажува болките во стомакот и цревата, елиминира гној од мочниот меур и бубрезите. Совршено ја чисти крвта.

Фиброми, воспаленија, маститис, цисти на јајници – болната дојка се мачка со оваа маст на секои два часа, без масирање. За цисти и други воспаленија се користи тампон натопен во маста, редовно и секојдневно додека исчезнат симптомите.

Гангрена, изгореници, воспаленија на кожа, забоболка, болка во ‘рбет, болки во колено – ставете облога од оваа маст преку ноќ на болното место. Завиткајте и загрејте. Забоболката се лекува така што болниот заб и непцето се мачкаат со оваа маст.

Loading...