Ослободете се од мрзливите црева на најприроден начин, бидејќи со овој напиток кој се прави многу брзо и едноставно, ќе се спасите од сите маки!

Компотот од суви сливи и јаболко со додаток од уште неколку тајни состојки, е стара и испробана комбинација која ќе ви донесе големо олеснување.

Сливите се одличен извор на витамин Ц, а сувите сливи имаат значително помалку калории. Исто така, тие се многу богати со растителни влакна кои докажано ги регулираат проблемите поврзани со дигестијата, како и стомачните тегоби како што е подуеност, гасови и лошо варење.

Покрај тоа што ја помагаат дигестијата и ги решаваат стомачните тегоби, влакната од сливите исто така, го штитат и кардиоваскуларниот систем, додека витаминот Ц ја подобрува работата на имуниот систем.

Во комбинација со јаболко, сувите сливи даваат лековит еликсир, кој ќе го смири вашиот стомак, ќе ги регулира проблемите со дигестијата, но ќе делува и превентивно врз вашата општа здравствена состојба.

Еве како да направите компот од сливи и јаболка:

Потребни состојки: 100 г суви сливи без семки, 4 јаболка, 1 лимон, 1 лажичка цимет, 1 прстофат мускатно оревче, 5 лажици интегрален шеќер и 2 литри вода

Постапка: Во голем сад ставете вода, додадете добро измиен лимон исечен на трклаца, цимет, мускатно оревче и шеќер.

Кога водата ќе проврие додадете ги јаболката, претходно излупени и исечени на коцки, а потоа додадете ги и сливите. Варете околу 20 минути.

Компотот и овошјето од него може да го консумирате во текот на целиот ден, но мора да го чувате во фрижидер. На тој начин може да потрае и неколку денови доколку направите поголема количина.