Home ТЕСТО ЛУДО ТЕСТО! Универзално тесто за секаков вид печива…Се чува во фрижидер со...

ЛУДО ТЕСТО! Универзално тесто за секаков вид печива…Се чува во фрижидер со денови…

ЛУДО ТЕСТО! Универзално тесто за секаков вид печива…Се чува во фрижидер со денови (од 7 до 10 дена)…Од ова тесто можете да правите буквално сè. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1.1 кг брашно +- 50 г
250 мл млеко
400 мл јогурт (течен)
25 г свеж квасец
1 лажичка сол
2 лажици шеќер
100 мл масло
2 јајца на собна температура
12 г прашок за печиво

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад изронете го квасецот, промешајте го со шеќер, малку топло млеко и две лажици брашно, па добро изедначете да нема грутчиња. Оставете 10-тина минути да се активира квасецот и да за се запени.

Во смесата додајте јајца, масло и остатокот од млекото, промешајте и додајте го течниот јогурт. Во течната мешавина започнете постепено да го додавате брашното (приближно 1 кг), прашокот за печиво и лажичка сол.

На почетокот мешајте со лажица, а потоа замесете и со рака.

Треба да добиете средно меко, нелепливо тесто.

Покријте го и оставете го да ферментира за да го зголеми волуменот, приближно 1 час.

Стасаното тесто премесете го, обликувајте го во топка, намастете го и затворете го во кеса. Тестото чувајте го во кеса и користете го по потреба. Постапката погледнете ја ОВДЕ.