Еднаш пробајте и ќе се уверите.

Потребни состојки: 3,5 кг сечкани пиперки, 2 главици лук, ситно сечкан, 1 кг морков исечен на коцкички, 1 китка магдонос, 2-3 лути пиперки кој сака, не мора, ½ кесичка црн пипер во зрно, 200 мл масло, 200 мл оцет, 3 супени лажици сол, 2 литри варен доматен сос и 1 конзерванс

Постапка: Во поголемо тенџере ставете го доматниот сос, маслото, оцетот, додадете шеќер, сол и конзерванс. Кога ќе проврие прво додадете го морковот, па кога ќе биде до половина сварен додадете ја пиперката и варете додека да омекне пиперката.

Додадете го лукот и сечканиот магдонос. Варете само уште неколку минути и веднаш складирајте во загреани тегли. Со дрвено стапче или со дршката од дрвената лажица истиснете го воздухот, поклопете и превртете ја теглата на неколку минути за да се вакумира. Прекријте ги теглите и оставете ги да изладат.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: