Многу вкусен намаз.

Потребни состојки:

20 кг црвени пиперки печени
10 кг домати излупени
5 кг модар патлиџан исчистен и испечен
3 кг моркови сварени
4-5 лути пиперки, печени и мелени
1 кесичка црн пипер во прав
1 кесичка кумин (зачин сличен на ким)
2 супени лажици мелена чубрика зачин
1 литар масло
200 г шеќер
сол по вкус

Постапка:

На машина се мелат пиперките, доматите, морковите и модриот патлиџан. Доматниот сос се става на оган и се готви додека да згусне. Потоа се додаваат мелените пиперки, мелениот модар патлиџан и мелените моркови.

Се продолжува со готвење на умерена температура со повремено промешување. Се додава сол по вкус (околу 50-100 г) и 200 г шеќер, а другите зачини исто така по вкус.

Се додава и еден литар масло, па се готви до крај, додека да згусне. Лутеницата се складира во стаклени тегли и се стерилизира во рерна.

Постапката можете да ја погледнете во видеото: