Свежи или суви, тие се подеднакво лековити, а чајот од смоквини листови лекува некои од тешките болести.

Без разлика дали се свежи или суви, смоквите се богати со многу здрави фитонутриенти, антиоксиданти и витамини. Сочна и слатка смоква е еден од првите плодови во кои уживале нашите антички предци. Остатоци од смокви стари над 11 000 години се пронајдени на Блискиот исток. Можно е луѓето да одгледувале смокви пред пченицата, јачменот и мешунките.

Освен во нејзината медитеранска татковина, смоквите сега се одгледуваат во многу земји низ светот. Најраспространетиот и најпопуларниот вид е обичната смоква (лат. Ficus carica). Може да роди неколку стотици плодови со различна големина и боја, двапати годишно. Зрелите смокви имаат форма на ѕвонче или круша, со внатрешно сочно месо.

Здравствени придобивки

И покрај ниската калорична содржина (само 74 калории на 100 г), смоквите содржат растворливи диетални влакна, минерали и витамини. Свежите смокви се ценети заради изобилството на антиоксиданти како каротени, танини, лутеин и хлорогена киселина.

Покрај тоа, свежите смокви содржат големи количини на антиоксидантни витамини како витамини А, Е и К. Антиоксидансите нè штитат од слободните радикали чии деструктивни ефекти можат да доведат до предвремено стареење, деменција, срцеви заболувања и рак.

Истовремено, истражувањата покажуваат дека хлорогената киселина го балансира нивото на шеќерот во крвта. Смоквите, како и другите намирници богати со растителни влакна, помагаат при слабеење и ја одржуваат посакуваната тежина.

Соединенија со антиканцерогено дејство – бензалдехид и кумарини – исто така се пронајдени во смоквите. Прелиминарните здравствени истражувања ги потврдија потенцијалните ефекти на овие соединенија врз карциномите на простата и кожа.

Смоквите го решаваат проблемот со калуси и брадавици. Ставете наполу пресечена свежа смоква и ставете ја на болното место, па преноќите со оваа облога. Наутро, извадете ја смоквата и измијте ги нозете во топла вода.

Потоа обидете се да ја отстраните тврдата кожа / брадавицата. Потешки случаи може да бараат до пет вакви третмани.

Суви смокви – супер храна

Сувите смокви се високо концентриран извор на минерали, витамини и антиоксиданти. Тие имаат повеќе калории отколку свежите – 249 калории на сто грама. И свежите и сувите смокви содржат значителни количини на витамини од групата Б, како што се ниацин, пиридоксин, пантотенска киселина и фолна киселина.

Овие витамини се вклучени во метаболизмот на јаглехидратите, протеините и мастите. Б-комплексот е важен за функцијата на мозокот, особено за добро расположение.

Сувите смокви се обилен извор на минерали калциум, цинк, калиум, селен, железо и бакар. Железото и бакарот се потребни за да се создадат црвени крвни клетки, додека калиумот е важна компонента на клетките и телесните течности и помага во регулирање на срцевиот ритам и крвниот притисок.

Варените смокви приготвени како чај, помагаат при заболувања на мозокот, воспаление на грлото и белите дробови.

И лисјата лекуваат

Лисјата од смоква одамна се познати по своите лековити својства – тие лекуваат бронхитис, брадавици, цироза на црниот дроб, висок крвен притисок, проблеми со кожата и чиреви.

Но, новитет е дека лисјата од смоква се исто така исклучително добри за дијабетес. Обично се користи сок исцеден од смоквини листови, кој се зема веднаш по станување, со појадок.

Можете да сварите лисја од смоква во вода и напитокот да го пиете како чај.

Чај од смоквин лист против дијабетес: 2 лажички суви лисја од смоква прелијте со чаша (200 мл) врела вода. Поклопете и оставете 10-15 минути. Потоа процедете. Секое утро, пијте по една шолја од овој чај со појадок.

Пониско ниво на холестерол: Смоквите содржат пектин, кој всушност е растворливо влакно. Кога влакната се движат низ дигестивниот систем, во основа го собираат вишокот холестерол и го носат во екскреторниот систем за да се елиминира од телото. Како растворливи влакна, пектинот од смоквите ја стимулира и здравата перисталтика, односно движењето на дебелото црево. Смоквите можат да имаат и лаксативно дејство, бидејќи спаѓаат во намирници со најмногу влакна.

Спречување на коронарна срцева болест: Сувите смокви содржат фенол, омега-3 и омега-6. Овие масни киселини го намалуваат ризикот од коронарна срцева болест. Понатаму, лисјата од смокви имаат значително влијание врз нивото на триглицериди во крвта. Лисјата од смоква имаат инхибиторен ефект врз триглицеридите и го намалуваат нивното ниво.

Заштита од пост-менопаузален карцином на дојка: Познато е дека содржината на влакна во смоквите штити од рак на дојка, а по менопаузата, хормоналната рамнотежа кај жените често може да варира. Системите во телото се толку меѓусебно поврзани што хормоните влијаат врз имунолошкиот систем, што пак влијае врз способноста на антиоксидансите да се борат против слободните радикали. Слободните радикали се главни фактори за развој на рак, така што смоквите се грижат за една дополнителна одбранбена линија, обезбедувајќи богатство од растителни влакна.

Превенција од карцином на дебело црево: Присуството на влакна помага да се стимулира елиминацијата на слободните радикали и други супстанции кои предизвикуваат рак, особено во дебелото црево, бидејќи влакната го зголемуваат здравото движење на цревата.

Бронхитис: Природните хемикалии во лисјата од смоква ја прават идеална компонента за база на чај. Чајот со лисја од смоква е популарно пропишан за разни респираторни состојби како бронхитис, а исто така се користи како начин за спречување и намалување на симптомите на астматичните пациенти.

Потопете 2-3 смокви во млеко преку ноќ и изедете ги наутро за да ги подобрите вашите витални способности.

Ги зајакнува коските: Смоквите се богати со калциум, кој е една од најважните компоненти за зајакнување на коските и намалување на ризикот од остеопороза. Тој е исто така богат со фосфор, кој поттикнува формирање на коскено ткиво и поттикнува повторно растење, доколку има оштетување или деградација на коските.