Погача со месо мека како памук – сите ја сакаат и повторно ја прават, зошто нема повкусна и помека

Рецепт и видео прилог на “Мој Кутак” – Лисната погача со месо

Лисната погаа со месо или како што некои ја нарекуваат “Турска лисната погача” е мека како памук. Сите што ја пробале ја сакаат и повторно ја прават поради нејзиниот посебен вкус и мекост.

Потребни состојки:

Loading...

1 кг брашно
800 мл млака вода
1 лажица шеќер
1 лажица сув квасец
1 неполна лажица сол
100 мл масло

за фил:

500 г мелено месо
2 главици кромид
1 лажичка сол
црн пипер по вкус
3 лажици масло
плех 25х32 см
се пече на 200 степени, 30 минути

Постапка:

Во еден сад ставете малку млака вода, додадете по лажица сув квасец и шеќер. Промешајте и оставете 10-тина минути да се активира квасецот. Во килограм брашно додадете неполна лажица сол, 100 мл масло, малку промешајте и додадете го активираниот квасец.

Со млаката вода замесете помеко тесто. На крај потрошив 800 мл вода (сè вкупно сосе квасецот). Тестото е меко и лепливо. Поклопете го и оставете го стасува еден час на собна температура.

Пригответе го месото: Ситно сечкан кромид запржете го на загреано масло (3 лажици) додека да омекне, па додадете го меленото месо. Зачинете со сол и црн пипер и динстајте околу 15 минути на умерена температура додека месото да ја промени бојата и да испари течноста.

Стасаното тесто истресете го врз работна површина намсатена со масло. Со намастени дланки развлечете го тестото, па преку целата кора рамномерно распоредете го филот од месо. Потоа тестото свиткајте го во ролат и префрлете го во плех (25х32 см) обложен со хартија.

Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени, а за тоа време оставете ја погачата да стасува 15 минути. Со намастени прсти од рацете формирајте коцки во погачата. Одозгора премачкајте ја погачата со масло и по желба наросете сусам, ленено семе или други семки.

Ставете да се пече во загреаната рерна на 200 степени околу половина час. Печената погача покријте ја со крпа и почекајте неколку минути малку да омекне. Деталите можете да ги погледнете во видеото:

Loading...