Лесно, брзо, вкусно и секогаш успева…Нашиот омилен појадок…Само што го испеков…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца
1 канче кисело млеко од 400 г
1 лажичка сода бикарбона (во к.млеко)
1 лажиче сол
1 прашок за печиво
1 чајна чаша бело брашно
1 1/2 чајна чаша пченкарно брашно
100 мл масло
1 чашна чаша ситно сирење
ПОСТАПКА:
Изматете ги јајцата и соединете ги со киселото млеко во кое сте ја вмешале содата. Додајте го маслото, солта, двата вида брашно и прашокот за печиво, па откако ќе добиете изедначена смеса без грутчиња, додајте го ситното сирење.
Излејте во намастен плех со средна големина и ставете да се пече околу 25 минути во загреана рерна на 170 степени. Од Маринела Лубомирова Георгиева
Рецепт за домашна пченкарна пита (ПРОЈА) каква што мама ја правеше кога бев дете
ТРАДИЦИОНАЛНА ПЧЕНКАРНА ПОГАЧА: Многу убаво мириса и полесна е за стомакот, не го дуе