Лековита ракија од рузмарин за реума, грчеви во нозете и циркулација

Рузмарин е зимзелена медитеранска билка која најчесто се користи како зачин или етерично масло во приготвување на различни јадења.

Ова се неколку причини поради кои треба да се користи рузмаринот:

-сузбива патогени микроорганизми

-го намалува ризикот од појава на рак на дојка, црева и кожа, особено во комбинација со куркума (го спречува растот и развојот на канцерогените клетки)

-масло од рузмарин се користи како заштита од штетните сончеви зраци и појава на рак на кожа

-го подобрува памтењето и концентрацијата, го чува здравјето на мозокот

-ублажува дигестивни тегоби и болки, чајот ги смирува иритабилните црева и ги смирува грчевите

-ублажува главоболка и менструални болки

-го намалува стресот, го намалува хормонот кортизол (хормон на стресот)

-ублажува настинки, грип, алергија и болки во грло (инхалација со масло од рузмарин)

-поттикнува раст на косата

-силен борец против слободните радикали

КАКО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ РУЗМАРИНОТ?

Чај од рузмарин: 1-2 мали гранчиња од рузмарин прелијте со чаша врела вода, покријте и оставете 15-20 минути, по што се процедува и се пие.

-Тинктура од рузмарин: 120 г свеж румарин (или повеќе) се блендира 20 секунди, па се меша со 1 литар 40% алкохол или водка. Се затвора во стаклена тегла или шише со метален капак, се чува на темно место и секојдневно се протресува, вкупно 14 дена. Потоа се процедува низ газа и се складира во стаклено шише. Две-три капки од оваа тинктура имаат дејство како една шолја чај од рузмарин.

-лековита ракија за реума и подобрување на циркулацијата: 1 гранче рузмарин се става во 200 мл домашна ракија и се затвора со метален капак. Оставете да отстои 10 дена или подолго, а потоа користете ја ракијата како облога за болните нозе. Местата заболени од реума треба да се масираат трипати дневно.

Кај исчашувања и трауми се користат облози од натопена газа или памучна крпа која се фиксира на болните места.

Ја поттикнува циркулацијата, ги ублажува грчевите во нозете.

Претходна статијаЕве еден од најдобрите посни колачи: толку сочен и вкусен, како што секој би посакал – мора да го пробате
Следна статијаКремаст посен колач кој се приготвува за 10 минути, без печење – никогаш побрзо, никогаш полесно