Еве еден од најдобрите посни колачи: Толку сочен и вкусен, како што секој би посакал – мора да го пробате

Еве еден од најдобрите посни колачи. Подолу во текстот може да го погледнете и видеото за овој рецепт. Многу брзо се приготвува.

Потребни состојки:

450-500 г брашно
500 г рендани јаболка
100 г мелени ореви
1-2 ванилин шеќер
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
1 цимет по вкус
100 г шеќер
50 мл масло

за прелив:

200 г шеќер
200 мл вода
1 ванилин шеќер
1 портокал – сок

Постапка:

Во брашното ставете сода бикарбона, нешто помалку од цела кесичка прашок за печиво и добро промешајте.

Loading...

Јаболката измијте ги, излупете ги и изрендајте ги, па во нив додадете една кесичка ванилин шеќер и цимет по вкус (приближно една кесичка) и околу 100 г шеќер. Промешајте ги добро јаболката па додадете ги и мелените ореви. Изедначете ја смесата.

Додадете еден филџан за кафе масло и брашното со прашок за печиво и сода бикарбона. Добро промешајте ги јаболката за да може брашното убаво и рамномерно да се распореди. Јаболката ќе отпуштат малку сок, па така ќе се добие компактна смеса како меко тесто.

Добиената смеса рамномерно се распоредува во намастена и набрашнета тепсија бр.26 и се пече во загреана рерна на 190 степени околу 40 минути.

Печениот колач извадете го добро да се излади, па исечете го и прелијте го со топлиот сируп.

За сируп: една чаша шеќер и една чаша вода, па додадете сок од еден портокал и еден ванилин шеќер, ставете на оган да се вари пет минути.

Прелиениот колач оставете го да се излади и да го впие сирупот.

Сите детали одколку приготвувањето можете да ги погледнете во видеото:

Loading...