Колачот е многу е вкусен, можете во било кое време да го приготвите, постапката е брза и лесна.

Потребни состојки: 2 посен шлаг, 250 мл сок од јаболко или некој друг сок, 50 г кикирики исечкани крупно, 30 г ореви исечкани крупно, 30 г лешници исечкани крупно, 150 посни биксвити по желба (со чоколадо), 5-6 петит кекси, малку сок за натопување на петит бисквитите, 2 лажици шеќер и глазура по желба

Постапка: прашокот за шлаг измешајте го две лажици шеќер и 250 мл сок од јаболка, па изматете го со миксер (малку подолго).

Во шлагот додајте сечкани лешници, ореви и кикирики. Промешајте за да се изедначи смесата.

Посните бисквити искршете ги крупно и додајте ги во смесата со шлагот. Промешајте и по потреба додадете уште бисквити.

Во мал калап обложен со проѕирна фолија рамномерно распоредете ја смесата и израмнете.

Одозгора наредете петит бисквити претходно натопени во малку сок. Затворете со фолијата и ставете во замрзнувач да отстои два часа или во обичен фрижидер преку цела ноќ за убаво да омекнат бисквитите.

Потоа извадете го, превртете го врз тацна за послужување и прелијте го со чоколадна глазура по желба.

(Глазура: 50 г чоколадо со 1 лажица масло растопено на пареа).

Деталите погледнете ги во видеото: