Овој природен лек може да помогне кај многу состојби. Сировиот мед и јаболковата киселина делуваат благотворно поради своите способности за одбрана од инфекција и разни тегоби со кои се среќаваме.




Доколку ја пиете оваа мешавина со мед, може да си помогнете кај следниве состојби: б олки во зглобови, киселина и ждригавица, проблеми со дигестивен тракт, вишок ки-лограми, зголемен холестерол и притисок, воспалено грло, недостиг на енергија, уморен изглед на кожата лош здив, ст рес.




Како делува овој напиток? Бенефитите од мешавината составена од јаболкова киселина и мед може да се објаснат врз основа на хемиските особини на некои состојки и интеракцијата со телото.




Имено, голем број експерти веруваат дека започнуваме да се разболуваме кога нашето тело започнува да ја зголемува својата киселост. Организмот кога е во баланс содржи пуфери кои се задолжени за одржување на нормална рН вредност.




Меѓутоа, кога таа рамнотежа ќе биде нарушена, доаѓа до пореметување на рН вредностите во различните делови од телото, бидејќи пуферите не можат правилно да си ја одржуваат својата функција.




Со внесот на одредена храна ние можеме да помогнеме во побрзо враќање на рамнотежата во организмот. Јаболковата киселина и медот имаат ниска рН вредност, но сепак на организмот му делуваат благопријатно и му помагаат во воспоставувањето на балансот.




Овие две супстанции се совршен природен лек со кој организмот ќе се ослободи од прекумерната киселост поради ст ресниот начин на живеење и конcyмирање на нездрави намирници, како и пијалаци.




РЕЦЕПТ ЗА НАПИТОК СО МЕД И ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА. За да го приготвите овој напиток ќе ви бидат потребни: 1 лажичка сиров мед (од проверен пчелар или манастир) и 1 лажичка јаболкова киселина и 1 чаша млака вода




Доколку можете да го толерирате вкусот, после неколку дена зголемете од една лажичка на една супена лажица. На почетокот веројатно нема да ви се допадне, бидејќи и двете состојки имаат силен вкус.




Меѓутоа, како што постепено ќе ги чувствувате благодетите од овој напиток, така ќе го пиете со сè поголемо задоволство. Овој напиток е најдобро да се пие наутро на празен стомак, 20 до 30 минути пред оброк.




Некои предлагаат да се зема два или трипати во текот на денот, во зависност од тегобите и толеранцијата на вкусот. Треба да имате во предвид дека јаболковата киселина може да биде во интеракција со некои диуретици, лаксативи и лекови за дијабетес и болести на срцето.