Лек за зуење во ушите (тинитус): Со 2 капки од ова лековито масло, цела ноќ ќе спиете мирно

Луѓето кои страдат од зуење или ѕвонење во ушите, имаат непријатно чувство, како постојано нешто да им брмчи или црцори во ушите.

Овие звуци се јавуваат привремено или постојано, а нивниот интензитет може да се намалува или засилува. Зуењето најчесто се засилува навечер, кога другите звуци стивнуваат, па луѓето со оваа тегоба, имаат проблем да заспијат.

Тинитус може да значи губење на слухот, може да биде предизвикано и од висок крвен притисок, да биде знак за инфекција во увото, или да е пропратен симптом на Мениерова болест.

Loading...

ПРИЧИНИТЕЛИ ЗА ЗУЕЊЕ ВО УШИТЕ:

-создавање ушна кал,

-тумор на слушниот нерв,

-дупнато ушно тапанче,

-изложеност на силни звуци

-изложеност на ненадејна, многу гласна бучава

-лекови(аспирин и антибиотици),(се наведува како несакано дејство кај околу 200 лекови)

-оштетување на ушниот полжав поради стареење

-Мениерова болест

-нарушување на внатрешно уво

-висок крвен притисок

-алергии

-анемија

-намалена работа на штитната жлезда

-синдром на виличен зглоб

-стрес

Тинитусот во некои случаи е предизвикан од инфекции или препреки во увото и исчезнува откако болеста ќе се излекува. Но, тинитусот честопати останува и по лекувањето на болеста.

Во тој случај поинаквото лекување-конвенционално и алтернативно- може да донесе големо олеснување, со ублажување или со придушување на несаканите звуци.

Рецепт: Мартин Најдовски

За читателите на НМД, познатиот билкар Мартин Најдовски ни испрати испробан и ефикасен рецепт за лекување на зуењето во ушите. За да го приготвите овој лек ќе ви бидат потребни неколку прегради од оревовите лушпи и ладно цедено маслиново масло.

ЛЕК ЗА ЗУЕЊЕ ВО УШИТЕ

Потребни состојки:

10-12 прегради од оревови лушпи

200 мл маслиново масло

Постапка:

Оревовите прегради ставете ги заедно со маслиновото масло да се пропржат на умерен оган. Пржете ги околу 5-10 минути или додека маслото да ја смени бојата и да потемне. Потоа тргнете го настрана и оставете го да излади.

Маслото складирајте го во шишенце со капалка.

Употреба: По 2 капки во двете уши, трипати дневно.

Loading...