Билкарот Најдовски: Оваа течност е одлична за луѓе без кондиција, ги прави нозете лесни и подвижни (РЕЦЕПТ)

Уморните нозе се чест симптом при одредени состојби, но во повеќето случаи не се причина за грижа. Зголемен ризик од уморни нозе имаат жените, постарите лица, дебелите луѓе и бремените жени.

Денес се почесто се јавува и кај млади луѓе до 35 годишна возраст.

Во зависност од нивната причина, уморните и тешки нозе најчесто се третираат дома со одредени креми и тинктури, лековити бањи, гелови или вежби.

СИМПТОМИ – УМОРНИ НОЗЕ

Loading...

Лицата кои имаат тешки и уморни нозе најчесто ги опишуваат како:

-болни
-крути
-отечени
-вкочаени.

Лек за подобра циркулација во нозете, за лесни нозе

За читателите на НМД овој корисен рецепт ни го испрати познатиот билкар Мартин Најдовски, кој повеќе години се занимава со проучување на природната медицина.

Како и секогаш, за секоја здравствена состојба и тегоба, лекот може да се побара и најде во природата.

За овој лек потребно е да се подготви чај од здравец. Здравецот е одличен за циркулација, особено за долниот дел од телото.

Потребни состојки:

20 листови од билката здравец
1 литар вода

Постапка:

Зовријте ја водата, а потоа прелијте ја врз здравецот. Оставете поклопено 20-30 минути, па процедете.

Овој чај се пие во текот на целиот ден, наместо вода.

Лековитата течност особено е добра за луѓе со слаба циркулација. Едноставно, нозете ги прави да се чувствуваш како да ти се лесни – додава Најдовски.

ПРИЧИНИ ЗА УМОРНИ НОЗЕ

Уморните нозе може да бидат причинети од различни фактори, меѓу кои:

Претерано користење на нозете: При долготрајно одење, напорна работа, трчање, повеќечасовно стоење или останати физички активности, можат да предизвикаат стрес и повреда. Внимавајте да обезбедите доволен број на паузи и одмор после секоја потешка физичка работа.

-Недоволна употреба на нозете: При долготрајно седење или лежење. Се препорачува на секој час да се раздвижуваат нозете и да се направат полесни вежби за раздвижување.

Лоша циркулација: најчесто уморните нозе се последица на лоша циркулација која може да доведе до насобирање на крвта во долниот дел од телото. Циркулацијата можете да ја подобрите со физичка активност и избегнување на тесни обувки.

-Неадекватни обувки и облека: придонесува за зголемување на заморот во мускулите. Секогаш се препорачува да носите удобни обувки и облека.

-Грчеви во мускулите: Претеран напор може да доведе до грчење на мускулите и како последица на тоа да се јават тешки и уморни нозе. Се препорачува одмор.

-Хипокалијемија: Недостигот на калиум во телото може да предизвика грчеви во мускулите и чувство на тежина во нозете.

-Проширени вени: Уморните нозе може да бидат причинети од попуштени вени, поради дебелина или хормонална неизбалансираност.

Loading...