Намалувањето на нивото на хемоглобин во крвта, независно од бројот на црвените крвни зрнца (еритроцитите), го намалува капацитетот на крвта за транспорт на кислородот до клетките, со што се доведува до појава на анемија. Во народната медицина постојат повеќе рецепти за зголемување на железото во крвта.

Конкретно, оваа витаминска бомба и лековит еликсир е исклучително добар и проверен лек за зголемување на хемоглобинот, подигање на нивото на крвните клетки и подобрување на општата крвна слика. Направете го веднаш, освен што е супер здрав, многу е вкусен!

Потребни состојки: 20 мл мед, 200 г сечкани или мелени ореви, 100 г суво грозје, 100 г урми, 200 мл сок од морков, 20 мл сок од цвекло и 2 органски лимони со кора

Постапка: Добро измијте ги лимоните и пресечете ги на половина. Извадете им ги сите семки, па сомелете ги заедно со кората. Ако случајно лимоните сте ги купиле од продавница, тогаш излупете ги. Мелените лимони ставете ги во стаклена тегла од 1 литар.

Потоа додадете мед и цеден сок од морков и цвекло. Промешајте добро. Потоа во оваа смеса додадете ситно сечкани или мелени ореви, сечкани урми и суво грозје. Повторно добро промешајте. Ќе добиете околу 1 килограм вкусна и здрава лековита смеса.

Чувајте ја добро затворена во стаклена тегла, во фрижидер. По потреба додадете уште малку мед. Примена: Консумирајте три пати дневно по една или две супени лажици, пред секој оброк.

Нема несакани дејства, освен зголемување на енергијата. После една или две седмици проверете ја крвната слика. Ќе бидете пријатно изненадени.