Лек за поголема моќност и плодност кај мажите – има дадено многу дечиња

Лекот е многу моќен и дава одлични и неверојатни резултати.

Рецепт: Мартин Најдовски

Лекот го подобрува машкото либидо, ја лекува еректилната дисфункција и ја зголемува подвижноста на сперматозоидите.

Loading...

За читателите на НМД билкарот Најдовски овојпат сподели еден многу ефикасен метод за решавање на проблемите кај мажите. Како што тој вели, лекот има одлични резултати и има дадено многу дечиња.

Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот или чаевите, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.

“Јас лично приготвувам лек за плодност кај мажи и жени кој само од една доза (една тегла) може да даде резултати. Но, тој ми е оставен во аманет и лично јас го приготвувам.

Следниот лек што ќе го прочитате подолу, за мешавината и чајот што ќе ви ги откријам, исто така јас ги подготвувам. Но, сега луѓето можат и сами да си ги прават, бидејќи се испробани и можам да ви кажам дека многу дечиња се родени од нив” – вели Најдовски.

ЛЕК ЗА МАШКИ СТЕРИЛИТЕТ

Се приготвува смеса која се јаде по една лажичка наутро и навечер, а истовремено се пие и чај направен од мешавина од билки.

Потребни состојки:

1 кг мед
100 г поленов прав (или 100 г семе од коприва)
100 г грчко семе
100 г мелени ореви

Постапка:

Во медот се додаваат сите состојки и добро се меша, да се добие изедначена смеса. Оние што се алергични на поленов прав, нека го замнат со семе од коприва.

Употреба: По едно лажиче наутро и навечер, половина час пред јадење. Оваа смеса се јаде во комбинација со чај.

МАШКИ ЧАЈ

Потребни состојки:

100 г мечкина шепа
50 г бабин заб (lat.Tribulus terrestris)
50 г семе анасон
50 г чубрика

Постапка:

Сите билки убаво се мешаат и се складираат во лимена кутија или стаклена тегла.

Една супена лажица од оваа мешавина се прелева со 200 мл зовриена вода. Се остава поклопено да отстои половина час, па се пие.

Доза: Трипати дневно по 200 мл, секогаш свежо приготвен чај. Терапијата трае 3 месеци.

Овој чај помага при создавање на сперматозоиди односно го подобрува спермограмот кај мажот, ја подобрува ерекцијата и го зголемува бројот на подвижни сперматозоиди.

Пред употреба консултирајте се со вашиот лекар.

Loading...