Десертот е погоден за било кој дел од денот, за било која пригода. Мкусен е , брз и лесен.

Потребни состојки:

3 јајца
200 г шеќер
250 г маргарин или путер
400 г мелени бисквити
100 г експандиран ориз
3 листови обланда

Постапка:

Во еден сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот, додека тој да се растопи а јајцата да побелат и згуснат. Потоа смесата ставете ја да се зготви на тивок оган со постојано мешање (или на пареа).

Додадете го путерот исечкан на листови и мешајте цело време додека смесата убаво да се соедини.

Додадете ги мелените бисквити и експандираниот ориз, а потоа добро соединете. Приготвениот фил оставете го малку да подизлади.

Листовите со обланда свиткајте ги во влажна кујнска крпа за да омекнат и да можат да се виткаат.

Омекнатите листови премачкувајте ги со изладениот фил, виткајте ги во ролат и оставете ги да се стегнат.

Кога доволно ќе излади и ќе се стегне, можете да ја сечете на парчиња со дебелина од околу половина центиметар и да ги сервирате.

Coolinarika.com