ВМА или болничката диета за кратко време стана вистински хит: Еве што треба да јадете за да ослабете (МЕНИ)

Во последно време се попопуларна е така наречената ВМА диета која за многу кратко време дава одлични резултати. Што е најважно, здрава е за организмот без штетни последици ако не се претерува, нормално.

Трае 15 дена, а по истекот ќе бидете послаби, поздрави и посреќни – со еден збор, ќе бидете целосно препородени.

На самата помисла на строгата болничка диета, веднаш огладнувате. Но, со ваква здрава исхрана секогаш ќе бидете сити и што е најважно, ќе ги губите килограмите.

Loading...

Станува збор за војничка диета, но не на онаа на која ве асоцира името и на која сигурно, веднаш си помисливте.

Не станува збор за редуцирана исхрана до таа мера што им годи само на тешко болните пациенти, туку на онаа која ќе ви докаже дека навистина можете да ослабете со чиста здрава исхрана.

Овој план на исхрана го осмислиле експерти од воено-медицинската академија (ВМА), за да овозможат слабеење на пациенти кои се подготвуваат за операција.

Па, здравјето им било, складно на тоа – најважно! Не смее пациентот во текот на диетата да се чувствува уморно, ниту да има последици како што се вртоглавици, пад на имунитетот или нервоза.

За вкупно две седмици здрава исхрана, предвидено е дека треба да се ослабе помеѓу 7 и 15 килограми, во зависност од возраста, полот и индивидуалниот метаболизам и здравствена состојба на секој поединечно.

Се одвива во три циклуси по пет дена, помеѓу кои се прави двоседмична пауза. Важно е да се придржувате на сатницата:

Појадокот е штом станете од спиење, а ручекот и вечерата треба да бидат после пауза од 4-5 часови.

Појадокот за секој од петте денови е ист: Еден портокал, еден тост-леб или 4 крекери, шолја кафе или чај без шеќер.

Другите оброци се организираат на следниот начин:

ДЕН 1

Ручек: Варено јајце, две лажици кисело млеко или павлака, 1 парче тост-леб, портокал.

Вечера: 1-2 парчиња тост-леб, 2 варени јајца, домат и краставица.

ДЕН 2

Ручек: Варено јајце, две лажици павлака, две парчиња тост-леб, портокал.

Вечера: 1 парче тост-леб, 125 г мелено јунешко месо, домат, постокал.

ДЕН 3

Ручек: Варено јајце, две лажици павлака или кисело млеко, краставица, портокал.

Вечера: 1 парче тост-леб, 125 г мелено јунешко месо, шолја кафе или чај без шеќер, портокал.

ДЕН 4

Ручек: Парче тост-леб, 125 г младо сирење и домат.

Вечера: 3-4 парчиња тост-леб или 8 крекери, 125 г мелено јунешко месо, два домати.

ДЕН 5

Ручек: 200 г варено јунешко месо, парче тост-леб, домат.

Вечера: Тврдо варено јајце, 500 г варен зеленчук.

ВМА диетата е одлична за луѓе кои многу работат и учат, бидејќи ја одржува концентрацијата на максимално можно ниво, а потоа и за жените после бременост кои сакаат да спречат таложење на сало на местата каде што кожата најмногу се растегнала.

Најдобар избор и за луѓе кои боледуваат од дијабетес и за оние кои имаат проблем со срцето или штитната жлезда.

Loading...