Лек за ослабен организам, имунитет, после операции, за лица со белодробни болести

После претрпена и најмала настинка која сме ја “прележале” на нозе, организмот е многу истоштен и ослабен. Особено голем замор и немоќ чувствуваат лицата кои боледувале од некоја белодробна болест или имаат хронична болест на дишните органи.

Кога организмот е ослабен најлесно може да го совлада нова накалемена болест, уште потешка од претходната. Затоа треба веднаш да се реагира и да му се даде можност на организмот да го зајакне својот имун систем.

Овој рецепт првенствено е наменет за ослабен организам, имунитет, за закрепнување од потешки болести, за јакнење после операции или после хоспитализација.

Исто така, смесата е погодна и се препорачува за луѓе кои боледуваат од болести на белите дробови, кај деца со ослабен имунитет и без апетит.

За само неколку седмици, самите ќе се уверите во ефикасноста и моќта на оваа комбинација:

Потребни состојки:

50 г мелени ореви
50 г мелени бадеми
50 г мелено суво грозје
50 г мелен лешник
50 г реднан рен
500 г мед
1 цел лимон, поголем (домашен)

Постапка:

Сите состојки сомелете ги и помешајте ги во поголема тегла. Добро измешајте, бидејќи смесата е густа и оставете во фрижидер.

Употреба: Најдобро е наутро и навечер да се консумира по една супена лажица, одвоено најмалку еден час од оброкот.

Кога ќе ја потрошите дозата, направете уште една. Третманот се состои од најмалку две дози.

Можете да направите одеднаш двојна доза, но потешко е за скадиштење, мешање и користење, па затоа е најдобро да се направи поединечна доза, како што претходно наведовме. Смесата можете да продолжите да ја користите и по престанокот на препорачаната количина, превентивно.

Лешникот е богат со витамините Е и Ф, микроелементи: цинк, јод и хром. Микроелементите се често дефицитарни во современата исхрана.

Оревите ги ублажуваат недостатоците од современата исхрана бидејќи се 4 пати похранливи од месото. Содржат антиоксиданси, квалитетни масни киселини, железо, калциум, магнезиум, фосфор, цинк, манган, селен, витамини А, Б, Ц, Е и К.

Ренот е одличен чистач на организмот кој го забрзува метаболизмот, ги спречува настинките, го јакне целокупниот организам, а содржајно е богат со витамините Ц, Б1, Б2, Б6, калиум, магнезиум, фосфор, железо. Претставува одличен природен антибиотик кој ја зголемува отпорноста на телото, ја олеснува дигестијата, ја поттикнува циркулацијата и работата на срцето, ја поттикнува работата на црниот дроб и е добар диуретик.

Бадемите се најдобар извор на витамин Е кој е силен антиоксиданс и штити од малигни заболувања. Посебно се корисни за луѓе кои имаат дополнителни напори и се заморуваат. Ги ублажуваат мускулните воспаленија и ја обезбедуваат потребната енергија за телото. Бадемите содржат и витамини од Б-комплексот, калциум и магнезиум, а многу се важни за мозокот, мускулите и општата состојба на организмот.

За медот имаме доста пишувано и веројатно знаете колку е значаен во исхраната и здрав. Сепак луѓето забораваат да го консумираат секојдневно иако знаат за неговите благотворни дејства. Измешан во оваа смеса ќе ви ја олесни навиката за негово секојдневно консумирање.

Важно: Отстојаните и оксидирани јаткасти плодови содржат опасен отров кој се таложи во црниот дроб, па бидете внимателни кога ги купувате. Доколку не сте сигурни дали лимонот е органски, потопете го во вода со лажичка сода бикабона и еден лимонтос. Доколку сте алергични на некој од состојките, едноставно исфрлете ја само таа состојка од рецептот.

Loading...