Рецепт со моркови, мед и ореви за зголемување на хемоглобинот во крвта

Анемијата не е пожелна особено во време на вирусни инфеквии, настинки и грип, кога е потребен силен имунитет за да се одбрани организмот од сите надворешни штетни влијанија.

Намалувањето на нивото на хемоглобин во крвта, независно од бројот на црвени крвни клетки (еритроцити), го намалува капацитетот на крвта да го пренесува кислородот, што доведува до анемија.

Во медицината постојат повеќе рецепти за зголемување на нивото на хемоглобин во крвта.

Оваа витаминска бомба е исклучително добар и проверен лек за зголемување на хемоглобинот, за подигање на нивото на крвни зрнца и подобрување на општата крвна слика.

Потребни состојки:

200 г мед
200 г ореви сечкани или мелени
200 г суво грозје
200 г рендан морков (или една чаша сок)
2 лимони
20 г мелено семе од коприва

Постапка:

Ако се купечки лимоните и се сомневате дека се третирани со многу пестициди, тогаш само исцедете го сокот, а ако се домашни сомелете ги со кора.

Оставете ги во вода со една лажица сода бикарбона, да отстојат неколку часа. Потоа убаво измијте ги под млаз ладна вода. Исечете ги, извадете им ги семките и сомелете ги заедно со кората.

Во лимонот додадете мед, рендани моркови и помешајте. Потоа во смесата додадете ги мелените ореви, меленото семе од коприва и сувото грозје, па повторно помешајте.

Ќе добиете вкусна здрава и лековита смеса. Конзумирајте ја трипати дневно по 1 лажичка пред јадење.

Loading...