Каранфилчето е исклучително важен зачин кој треба секојдневно да се користи, влијае врз намалувањето на тежината, а лицата кои имаат покачен холестерол можат да го доведат во нормални вредности токму со негова употреба.

Освен тоа, каранфилчето е богато со витамини важни за зравјето како К, А и Ц, како и со магнезиум, натриум, калиум и други. Каранфилчињата се ароматични цветни пупки на семејството Myrtaceae, Syzygium aromaticum.

Потекнува од островот Малуку во Индонезија и често се користат како зачин. Се собирале првенствено во Бангладеш, Индонезија, Индија, Мадагаскар, Занзибар, Пакистан, Шри Ланка и Танзанија. Достапни се во текот на целата година, а сега се широко распространети низ целиот свет.

Каранфилчето традиционално е омилен зимски зачин. Потекнува од индонезиските зачини. Денес се одгледува во Бразил, Индија, Шри Ланка, Танзанија, Мадагаскар и Пемба. Тоа се всушност незрели, неотворени цветни пупки од зимзелено тропско дрво од семејството Мирта.

Додека се свежи, тие се розови, а кога ќе се исушат, ја менуваат бојата во кафеава. Тие се долги 12 – 16 мм и личат на клинци, па затоа некои ги нарекуваат и „клинчиња“.

Стеблата завршуваат со истакнати четириделни цветни пупки. Нивниот мирис е топол, лут и ароматичен, а вкусот е сладок – адстрингентно и многу силен. Првпат се споменуваат во кинеските записи ушто во 400 г п.н.е.

Римјаните дознале за овој вреден зачин преку арапските трговци. Каранфилчето кај нас е најдобро познат зачин. За жал, ние често забораваме на неговите многу лековити својства.

Традиционалните кинески лекари користеле каранфилче уште од античко време во третманот на лошо варење на храната, дијареја, хернија (кила), лишаи, атлетско стапало и габични инфекции.

Индиските ајурведски исцелители го користеле за лекување на респираторни и дигестивни проблеми. Средновековните германски билкари користеле мешавина од каранфилче за борба против гихт.

Американски лекари го користеле за лекување на проблеми со варењето на храната, и тие го додавале во горчливите лековити билки за да ги направат вкусни. Тие исто така користеле масло од каранфилче за масажа на непцата за ублажување на забоболка.

Неколку капки есенцијално масло од каранфилче, измешано со вода, ќе го запре гадењето и повраќањето. Есенцијалното масло од каранфилче е ефикасно против многу бактерии и паразити. Каранфилчето содржи еугенол, кариофилен и танин, кои имаат силни антимикробни својства.

Овие супстанции патуваат низ кр-вотокот у-би-вајќи ситни паразити, нивните јајца и ларви. Затоа, каранфилчето е неопходен дел од добро познатата антипаразитска програма на д-р Кларк. Исплакувањето на усната шуплина со разредено масло или пупки од каранфилче ја олеснува б олката во грлото.

Јапонските научници открија дека, како и многу други зачини, така и каранфилчињата содржат антиоксиданси кои помагаат да се спречи оштетувањето на клетките што може да предизвикаат рак. Најновите истражувања покажаа дека каранфилчето е најдобриот антиоксидантен зачин поради високото ниво на фенолни соединенија.

Каранфилчето е стимуланс, локален антисептик и благ анестетик. Има позитивни ефекти врз слузокожата на желудникот, ги релаксира мазните мускули кои се поставени над дигестивниот тракт, делува против повраќање и подуеност и генерално поттикнува на правилно функционирање на дигестивниот систем.

Стоматолозите користеле масло од каранфилче како орален анестетик во минатото. Тие исто така го користеле за дезинфекција на коренските канали на забите. Каранфилското масло е сè уште активна состојка во некои производи за миење на устата и против лошиот здив.

Популарно се верува дека растворање на 2 чешниња цели каранфилчиња во устата, без џвакање и голтање, помага во спречување на желбата за ал-кохол кај ал-кохоличарите.

Лековито дејство на каранфилче: го подобрува варењето на храната, помага при респираторни инфекции, ублажува забоболка, уни-штува паразити и бактерии, тој е природен антиоксиданс, помага во лекување на габични инфекции, има антисептички и анестетички својства, делува како афродизијак, помага при лекување на гихт.

За забоболка

За забоболка нанесете малку екстракт од каранфилчиња (масло од каранфилче) на делот кој ве боли. Но не претерувајте, зашто преголемата употреба може да предизвика оште-тување на слузокожата.

Против лош здив. За лош здив, џвакајте цело каранфилче или две, додека да ги испуштат есенцијалните масла.

За слабеење

Потребни состојки: каранфилче ѓумбир и цимет.

Постапка: Подгответе по 30 грама од сите три зачини и добро измешајте ги. Секое утро на празен стомак пред јадење земете по една лажица од мешавината разматена во чаша вода. За слабеење каранфилчето не смее да се користи подолго од еден месец.

Комбинацијата од лен и каранфилче исто така е популарна за слабеење и за чистење на организмот од паразити. Најдобро е да купите мелено каранфилче и лен и да ги измешате во сооднос 10:1.

На 100 грама лен ставете 10 грама каранфилчиња. Две рамни лажици од оваа мешавина додајте во супа или во млака вода и пијте 3 дена по ред во текот на неделата. Потоа направете пауза од 4 дена па повторете вкупно 4 пати.

За подуен стомак

Каранфилчето е најпознато како зачин кој делува против подуеност. Тој се додава во храната за да ги намали дразбите во стомакот и да го намали ризикот од гасови кои ги предизвикуваат некои други состојки на храната. Исто така, каранфилчето поседува антивоспалителни и антибактериски својства, а се користи и за лекување на благи бактериски инфекции.

Како се употребува: најдобро е да го додавате во секојдневната исхрана. Можете да го користите во облик на прав или да го џвакате цело за да го имате саканиот ефект врз системот за варење. Ако го јадете цело, загризете го со катниците и почекајте 5-6 минути, додека да ги ослободи есенцијалните масла. Не го џвакајте премногу.

Ја ублажува мачнината во стомакот

Каранфилчето е познато и по тоа што ги ублажува проблемите со киселините во желудникот. Освен што спречува подуеност, се користи и за празнење на желудникот. Имено, истражувањата укажуваат на тоа дека кон-сумирањето каранфилчиња ја зголемува силата на контракциите во хранопроводникот и цревата, па храната побрзо излегува од желудникот и така се спречува собирањето на киселината.

Како се употребува: за ублажување на стомачните проблеми можете да џвакате каранфилче после оброкот. Додека јадете каранфилче, не внесувајте ништо слатко. Ако сакате, можете само да се напиете малку вода.

Ја ублажува б олката во зглобовите

Каранфилчето има ефикасни антивоспалителни својства, благодарение на кои ја намалува б олката во зглобовите кај пациентите кои боледуваат од артритис. Масажата на болните зглобови со масло од каранфилче може да го намали воспалението и отокот и така да донесе олеснување.

Употреба: Земете две каранфилчиња и сомелете ги или испечете ги додека се цели. Завиткајте ги во крпа и ставете ги на делот кој ве боли. Освен ова, може да ставите две капки есенцијално масло од каранфилче во вода и во неа ставете ги нозете. Тоа ќе ви ги олесни б олките.

Ги отстранува респираторните проблеми

Каранфилчето често се користи против б олка во грлото и благодарение на антивоспалителните својства, тој е добро, природно решение. Исто така, се користи и како превентивна мерка против ракот на белите дробови.

Употреба: Направете чај од каранфилчиња и пијте го барем 2-3 пати дневно, за да ја ублажите кашлицата и б олката во грлото. Можете да го ставите каранфилчето во зовриена вода и да почекате да ги испушти есенцијалните масла, па да ја корстите течноста за инхалација.

Го отстранува с тресот. Маслото од каранфилче често се користи за ароматерапија, за отстранување на с тресот и депресијата кај пациентите. Како се користи: Додајте неколку капки масло од каранфилче во кадата и ќе се освежите и ќе се опуштите.

Ги решава и проблемите со кожата. Благодарение на антибактериските и антивоспалителните својства, може да се користи за отстранување на акните, а ја намалува и видливоста на дамките и мод-ринките на кожата. Употреба: добро здробете каранфилче и помешајте го со лажица сок од лимон и мед. Нанесете на лицето и почекајте 20 минути, па исплакнете го лицето со вода.

Чај од каранфилче

Овој чај се користи за забоболка, воспаление на непцата, на синусите и против ревматски б олки. Приготвувањето на чајот е едноставно. Здро-бете една лажичка каранфилче во аван. Варете го здро-беното каранфилче во децилитар зовриена вода 5 до 10 минути, оставете да се излади и чајот е готов.

Најдобро е да најдете цели каранфилчиња, наместо каранфилче во прав кое полесно ветрее и ја губи аромата. За да го проверите квалитетот, ставете го каранфилчето во вода. Би требало да лебди во вертикална положба. Чувајте ги каранфилчињата во затворена тегличка.

Не кон-сумирајте каранфилчиња ако имате историја на акутно или хронично кр-вавење, ако стра-дате од некое пореметување кое предизвикува кр-вавење, или ако земате лекови за проретчување на кр-вта.

Исто така, не го кон-сумирајте ако знаете дека некој во вашето семејство е чувствителен на каранфилчиња или има алергија или ако доите. Ако сте користеле каранфилчиња и имате некоја реакција како што е чешање во устата, оток, воспалние, црвенило или некоја алергиска реакција, веднаш престанете да користите каранфилче.

Можете да направите и вкусен и лековит чај од каранфилче и цимет

Ставете 2 стапчиња цимет и 6 цели каранфилчиња во половина литар вода. Откога ќе зоврие водата, гответе уште 15 минути, а потоа процедете. Пијте 2 – 3 чаши од овој чај на ден, а резултатите ќе бидат воодушевувачки. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина христовска