Легендарната глумица наслушувајќи го своето тело дошла до 93.година, а низ сите животни и здравствени кризи поминувала цврсто, со работа, енергија и здрав разум.

Таа го наслушувала своето тело, во сè била умерена, а понекогаш работела дури и претерано, и секогаш верувала дека човек во себеси може да пронајде доволно енергија за да се избори со сите неволји. Не е можно да се набројат сите нејзини улоги, ликови и карактери кои ги доловила, како и наградите кои ги добила.

фото: Јутјуб принтскрин

Пандемијата сепак ми делуваше врз снагата и духот

Мира Бањац (92) вели дека најголемиот дел од пандемијата и сето она што го донесе новата состојба, го поднела јуначки и релативно лесно. Сепак, сето ова трае премногу долго…

-Едноставно добро се организирав. Го искористив времето за да средам некои работи кои претходно не успевав затоа пто немав време (документите, библиотеката…). Ги распоредив моите сили, се помирив со тоа дека така мора да биде и не ми беше тешко.

фото: Јутјуб принтскрин

Меѓутоа, како поминува времето, полека чувствувам дека дека мојата неисцрпна сила ме издава и дека попуштам со духот, а најмногу поради неизвесноста. Кога нешто е извесно, јас се подготвувам да се изборам со тоа, но кога е непознато и неизвесно, немоќен си и единствено што му преостанува на човек е да ги следи промените, да се придржува до мерките…

фото: Јутјуб принтскрин

Јас дисциплинирано и цврсто се држам до мерките, ги примив двете вакцини, здрава сум колку што може да се каже со оглед на моите години. Се грижам за своето семејство, пријателите, се грижам за сите луѓе… Многу нè напуштија и тажна сум поради тоа – раскажува глумицата за еКлиника.

фото: Јутјуб принтскрин

Тајната на долговечноста е во генетика, работата и „чувањето на разумот”

Таа верува дека пред сè гените се тие кои го диктираат сè она што е важно за долговечност. Но, не само тоа…

-Јас сум работлив човек. Никогаш не се опуштам потполно, секогаш нешто работам и мислам дека во работата е спасот – тука лежи мојата најголема сила. И инаку, а посебно сега, енормно многу читам бидејќи морам да го сочувам разумот. „Главата“ мора да ја сочуваме, бидејќи таа му „телефонира“ на целото тело.

фото: Јутјуб принтскрин

Го следам животот таков каков што е и се обидувам да се прилагодам со онолку сила колку што имам. И нешто што младите луѓе често забораваат: во младоста треба да се чуваш за на старост, не треба брзо да се потрошите. Кога ќе дојдете во тие години, јасно се гледа тоа (колку сте се пазеле во младоста).

фото: Јутјуб принтскрин

Човек мора да се помири со своите години, да знае што му следува и припаѓа со тие години, а што не. На секоја брчка јас сум горда и тие (брчките) „работат“ за мене – нека ги, тие исто така се одраз на сè она низ што сум поминала низ животот – смирено вели таа.

фото: Јутјуб принтскрин

Ја победила сепсата, а телевизија гледа без наочари

Во својот живот имала бројни здравствени кризи, а последната посериозна се случила пред само две години кога имала васкуларни проблеми со ногата и интервенции, а во болница добила сепса.

фото: Јутјуб принтскрин

-Сепак, тоа е зад мене, сега сè е во ред, во моментов не сум болна од ништо ништо. Имам проблем со видот, ги менувам очилата за читање и тие мора да бидат добри, но, малку да се пофалам, телевизија можам да гледам и без нив – горда, и тоа со причина.

фото: Јутјуб принтскрин

Лекарите и лековите не се доволни, до нас е

Како што раскажува глумицата, таа постојано го наслушувала своето тело и навремено реагирала на сите промени кои со текот на годините неминовно се случувале.

-Човек едноставно мора да следи и да почувствува, да поведе сметка: што да јаде ако бубрезите му се послаби или црниот дроб, а што да одбегнува… Јас и ден денес сакам сè да пробам, да уживам во животот колку што се може, но тајната е во умереноста и кон тоа се придржувам.

фото: Јутјуб принтскрин

Едноставно, се обидов да му помогнам на својот организам со тоа што го следев, а тоа и го правам и денес. Не е тоа работа само на лекарите, лекарските контроли и лековите, особено сега кога постои вирус и кога не се препорачува движење повеќе од она што се мора. Многу зависи и од нас, сè зависи и од самиот човек.

фото: Јутјуб принтскрин

Менталната сила, рационалното разбирање на секоја ситуација колку и да е тешка (а такви имало, како што вели, баш многу) и прифаќање на нештата онакви какви што се, е основата на нејзиното духовно здравје и ментална сила.

фото: Јутјуб принтскрин

Своевремено, новинарите од контекст и извлекле една реченица за тоа дека имала намера да си го одземе животот. Тоа едноставно, како што вели, не сака да го коментира, и секој што имал можност да ја запознае, како и ширината и раскошот на нејзиното позитивно битие, ќе потврди дека тоа е можеби единственото нешто што не може да се искомбинира со неа.

фото: Јутјуб принтскрин

Сепак, оптимизам

Мира вели дека луѓето заборавиле да се смеат и пред пандемијата.

-Тешки времиња се дојдени, луѓето се оптеретени со обврски и добро би било да можеме некако да ја вратиме насмевката и позитивната енергија и да кажеме: жив сум, се смеам и тоа е доказ дека умеам да му се радувам на животот, какви и да има потешкотии, а секогаш ги има – заклучува таа.

фото: Јутјуб принтскрин

Омилената глумица на сите генерации тукушто во Бања Лука го заврши снимањето на серијата „Авокадо“ од Никола Пејаковиќ, чијшто дел од актерскиот тим се и Љубомир Бандовиќ, Бранка Катиќ, Мирјана Карановиќ … Како што вели, снимањето било исклучително инспиративно, како и соработката со голем број добри актери во убава атмосфера, сите биле здрави и се придржувале на мерките за заштита.

фото: Јутјуб принтскрин

-Многу ми годеше што два месеци се преселив од Нови Сад, успешно ја завршив работата, а добив и малку оптимизам кој во овие времиња на сите ни е многу потребен – вели Мира Бањац.

фото: Јутјуб принтскрин