Супер нов метод за чистење на масниот и леплив плех без рибање: потребна ви е само 1 состојка, нема да ви се верува како функционира

Толку е едноставно, нема шанси вакво непто да ви паднало на памет. Оваа досетка едноставно е генијална, бидејќи функционира.

на социјалните мрежи ќе најдете еден куп навистина корисни совети за чистење и уредување на домот, од приготвување на домашни средства до некои крајно генијални идеи за кои никогаш не би помислиле дека би можеле да функционираат.

Еден таков е и трикот кој го сподели домаќинка на ТикТок, а поради кој ја нарекоа „гениј“. Самира Казан откри како да се исчисти највалканиот, најмасниот плех за печење и тоа без физички напор и без рибање. Звучи неверојатно, зар не?

после печењето плехот обично изгледа вака
ставете една кесичка чај, искористена или нова, сеедно. најдобро функциуонира со црн чај

Кога ќе го погледнете видеото ќе ви стане јасно дека и не е толку невозможно. Сè што ви е потребно е само една кесичка чај. Во случај да станува збор баш за закоравени и запечени масти, тогаш додајте уште една состојка, а тоа е вашиот омилен „домашен препарат за чистење“ – оцетот.

залијте го плехот до врв со врела вода
ако има закоравени маснотии, тогаш додајте и една шолја бел оцет

Еве што треба да направите. Во валканиот плех едноставно ставете нова или искористена кесичка чај, залијте до врв со врела вода и оставете така да отстои додека водата да добие темно кафеава боја. Во случај на закоравена маснотија, како што претходно напоменавме, додадете и една шолја оцет.

оставете да кисне плехот додека водата да стане темнокафеава
тоа значи дека мастите се разградиле

Истурете ја валканата вода и исперете го плехот под млаз топла вода. Не е потребно дури ни да користите детергент, но за да бидете сигурни, исперете го вообичаено. резултатот е беспрекорно чист плех кој изгледа нов. Уверете се и сами.

истурете ја валканата вода
исперете со обичен детергент (не мора)
перењето е навистина лесно…ќе се уверите
исплакнете под млаз топла вода
… и исцедете…

За многу кратко време видеото беше прегледано од преку 200 илјади луѓе, а постојано се нижат и коментари со благодарност и пофалби од задоволните домаќинки. „Ова е чиста магија“, „Па, дали ова е возможно?“, „Ти си геније“, се само некои од коментарите. Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

генијално…

Исчистете ја рерната за само неколку минути со овој феноменален трик, без да вдишувате разни хемикалии, а потребна ви е алуминиумска фолија

Чистењето на рерната е сигурно една од најомразените и најтешките задачи во домаќинството. Нема таква домаќинка која ужива во чистењето на шпоретот, особено на рерната. Има и такви кои редовно после секое печење или било каква употреба на шпоретот го чистат истиот, но најчесто, чистењето започнува дури кога ринглите и рерната ќе доспеат во очајна состојба.

За среќа, постои еден успешен трик кој голем број жени го испробаа и многу се задоволни. Рерната може да се исчисти и без вдишување на тешки хемикалии, па макар таа била многу валкана и замастена. Понекогаш се случува да изгори јадењето, но најголемата штета, сепак се случува во внатрешноста од рерната.

А за да биде штетата уште поголема, рерната ако не се исчисти веднаш, маснотиите се закоравуваат и тогаш ви се чини дека ништо не може да ги отстрани. Сепак, рерната може да се врати и во првобитната состојба без да купувате скапи и отровни хемиски средства. Потребна ви е само најобична сода бикарбона, оцет и лимонтус.

ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ:

За почеток, вклучете ја рерната на 250 степени. Во огноотпорен сад или друг соодветен сад ставете 5-6 лажици сода бикарббона, и долејте вода, приближно еден литар. Ставете го садот во рерна, затворете ја и оставете го внатре 30-40 минути. Исклучете ја рерната и оставете да се олади. Маснотиите од внатрешноста на рерната ќе омекнат.

Потоа испрскајте ја рерната и стаклото со 9% алкохолен оцет и оставете да делува уште 20-тина минути. Потоа пребришете ја рерната. Ако рерната не била многу во запуштена состојба, тогаш ова би требало да биде доволно за да светне како нова.

Меѓутоа, доколку сепак останале дамки од закоравена нечистотија и на стаклото од вратничката сè уште има видливи траги, тогаш преминете на следното ниво со кое дефинитивно ќе ја исчистите вашата рерна.

Еве што треба да направите: натопете го стаклото со вода и другите делови кои не успеале да се исчистат добро, па наросете сода бикарбона и лумонтус. Оставете да делува 10-тина минути. Скинете парче алуминиумска фолија и згужвајте го, односно направете топче, па со него изрибајте го стаклото.

Алуминиумската фолија е најдобриот чистач на сите стаклени површини, бидејќи не ги оштетува и не остава никакви гребаници. После тоа пребришете со влажна крпа. Готово е! За целата постапка ќе потрошите вкупно еден час, нема да вдишувате никакви штетни хемикалии, а вашата рерна ќе блеска како нова!

Претходна статијаШто се случува во телото кога јадете грав: Тетовчани го обожаваат, а не знаат како им влијае на здравјето
Следна статијаЛегендарната Мира Бањац: Моите рецепти за долговечност