Рецепт и видео презентација на Даниела Китановиќ од „Лесно е да се готви“ – рецепт за „младенчици“ кои брзо се приготвуваат без чекање тестото да порасне. За приготвување не ви е потребен квасец туку сода бикарбона, како и кај повеќето посни печива.

Младенци е празник кој се слави на 22 март. Го одбележуваат младите брачни парови, особено оние кои се во првата година од бракот. На овој ден жените стануваат рано и месат четириесет колачиња кои се нарекуваат „младенчиња“ и симболизираат долг, среќен и сладок живот.

„Младенчиците“ се премачкуваат со мед, а домаќинките им ги нудат на децата и на сите кои ќе дојдат во домот претпладне. На тој начин младенците во својот дом ги примаат гостите кои им носат подароци, а младите домачини ја покажуваат својата умешност и спретност.

Потребни состојки: 650 г меко брашно тип 400, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка сол, 4 лажици шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 250 мл млака вода, 100 мл масло + малку масло за премачкување пред печењето, сок од 1 лимон. За премачкување мед и мелени ореви за наросување.

Потребни состојки
во брашното додајте една лажичка сода бикарбона

Постапка: Од вкупното брашно одвојте на страна околу три лажици брашно кои ќе ги искористиме за доработка на тестото, а во остатокот додајте една лажичка сода бикарбона и промешајте. Најдобро е брашното е да се просее зошто така тестото излегува поубаво.

просејте го
додајте една лажичка сол , четири лажици шеќер, една кесичка ванилин шеќер и промешајте
Направете вдлабнување и додајте 100 мл масло

Потоа додајте една лажичка сол , четири лажици шеќер, една кесичка ванилин шеќер и промешајте. Направете вдлабнување, па во сувите состојки започнете да ги додавате течните. Најпрво додајте 100 мл масло и свежо исцеден сок од еден лимон помешан во 250 мл млака вода.

исцедете сок од еден лимон и помешајте го со 250 мл млака вода
лимоновата вода постепено додавајте ја во брашното
тестото премачкајте го со масло масло

Лимонот освен што дава арома, тој исто така заедно со сода бикарбоната прави реакција и тестото го прави поровко и меко. Додека ја додавате постепно течноста, замесете го тестото со рака. Тестото е меко и лепливо. Ако премногу се лепи, тогаш раката набрашнете ја во оној дел што го одвоивте на почетокот, па повторно замесете.

…и домесете го, па покријте го и оставете го 10-тина минути да одмори

На крај раката намастете ја со масло и уште малку доработете го, не премногу. бидејќчи тестото е доста меко, за да не се лепи намастете го садот со малку масло, покријте го со крпа и оставете го да одмори 10-тина минути на собна температура или на топло.

Цевчестото стапче ставете го во сад со малку брашно, а во друг сад ставете малку масло и силиконска четка за премачкување

За тоа време добро измијте едно расклопено пенкало или некоја шуплива цевка или сламка и дезинфицирајте ја, а ќе ви биде потребна за украсување на колачињата. Цевчестото стапче ставете го во сад со малку брашно, а во друг сад ставете малку масло и силиконска четка за премачкување.

тестото поделете го на четири еднакви делови
секој дел премесете го во топче..

По изминатото време тестото истресете го врз набрашнета работна површина и поделете го на четири еднакви делови. Секој дел лесно премесете го и формирајте топче за потоа полесно да се развлече во валјаче (погледни видео).

… а потоа формирајте валкај
секој дел поделете го на половина

Бидејќи според обичајот се потребни 40 колачиња, овие четири јувки најпрво поделете ги на половина, а потоа секоја половина на уште пет делови. Од секој дел формирајте мало топче-колаче. Ако сакате да ви бидат идентични, тогаше мерете ги на вага, а секое треба да тежи 27 грама.

… а секоја половина на уште пет делови, за на крај да добиете вкупно 40 топчиња

За да ги формирате колачите, секое топче малку притиснете го со дланките. наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Нашите баби овие колачиња ги украсувале со гранче од бозел кое во внатрешноста е шупливо, но за оваа намена може да послужи и расклопено пенкало.

секое формирајте го во топче
и малку притиснете го со рака
редете ги во плех обложен со хартија за печење

Цевчето набрашнете го, а потоа со него втиснувајте мали кругчиња во секое колаче (погледни видео) – во вид на цвет. За имаат тенка и крцкава коричка потребно е пред печењето да се премачкаат со малку масло. Ставете ги да се печат 15-20-тина минути во загреана рерна на 200 степени.

правете шари со цевчето
правете шари со цевчето
правете шари со цевчето
премачкјате ги со масло
ставете да се печат 15-20 минути на 200 степени

Кога ќе заруменат убаво од сите страни, а кога ќе ги земете во рака се необично лесни, значи дека се готови. За да омекнат дополнително, додека сè уште се топли прекријте ги со кеса или фолија и крпа. Вака оставете ги 10-тина минути, но не предолго за да не се оладат.

печени се кога убаво ќе заруменат од сите страни. Покријте ги со кеса и крпа 10-тина минути
пригответе растопен мед и мелени ореви
секое колаче премачкјате го со мед и наросете го со мелени ореви
ова се прави додека сè уште се топли

За полесно да се премачкуваат колачињата, претходно малку загрејте го медот за да стане потечен. Топлите колачи премачкувајте ги со медот, а потоа наросувајте ги со мелените ореви. Деталите од целата состојка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

сладете се со младенчиците