Кој јаде хумус, знае какво уживање е тоа. А бидејќи овој специјалитет е направен од леблебија, да се сака хумусот значи да се ужива во изобилството од хранливи состојки на оваа квалитетна мешунка. Без разлика дали е свежа или печена, плодот може да се јаде исто како леќа, грашок или грав.

ЕВТИН ИЗВОР НА ПРОТЕИНИ и бројни минерали и витамини. Покрај хумусот, леблебиите се одличен додаток на салатите и се употребуваат и во други рецепти како замена на белката од јајцето за приготвување на шлаг, а постои и брашно приготвено од леблебии, тестенини и уште многу други работи.

Овие мешунки се евтин извор на билни протеини, влакна, антиоксиданти, а содржат и мноштво витамини и минерали, велат нутриционистите. Ако ги воведете во редовниот режим на исхрана, сигурно ќе му обезбедите на вашиот организам мноштво бенефити. Е еве неколку интересни факти за оваа мешунка, кои веројатно не сте ги знаеле.

I ЛЕБЛЕБИИТЕ СЕ ДРЕВНА ХРАНА – исто така позната како garbanzo и sesi зрнца, леблебијата расте во суптропските и умерено континенталните зони. Тоа е едно од првите одгледувани мешунки на оваа планета.

Според некои наоди, леблебијата била одгледувана уште во древна Месопотамија пред дури 7.500 години. Билката леблебија, наречена Cicer arietinum има мешунки кои содржат зрна. Плодот кој го јадеме има цврста текстура и благ, јаткаст плод.

ДВА ВИДА – DESI и KABULI, ова се двете главни врсти. Билката “деси” има мало, темно семе со груби влакненца. Доаѓа од Индија, Етиопија, Мексико и Иран. Деси леблебијата интензивно се консумира во Индија. “Кабули”, пак, има посветла боја, поголемо семе со мазни влакненца.

Се одгледува првенствено во Европа, Африка, Авганистан и Чиле. Леблебијата Кабула почесто се среќава во Северна Америка и често се продава конзервирана, сирова или како хумус. Податоците кои следат ја опишуваат леблебијата “Кабула”.

II СОДРЖИ МНОШТВО ХРАНЛИВИ СОСТОЈКИ – иако, секако, можете да ги приготвите и сировите леблебии, оние од конзерва се поедноставни за приготвување, а речиси еднакво се богати со хранливи состојки.

Леблебијата може да се карактеризира како добар извор на протеини, што ја прави многу важна намирница. Оние од конзерва може да содржат додаток од сол, па доколку ја одбегнувате солта, едноставно прочитајте на декларацијата и побарајте натпис “со ниска содржина на натриум”.

Хумус се добива со минимална термичка обработка на состојките (со готвење), а освен леблебијата како основа, содржи и тахини, масло и зачини. Од една шолја варена леблебија добивате 269 калории, 15 грама протеини, 4 грама масти, 45 грама јаглехидрати, 13 г влакна и разни витамини и минерали.

III БОГАТИ СЕ СО ДРАГОЦЕНИ ВЛАКНА – леблебијата е одличен извор на влакна кои имаат повеќекратна функција: даваат чувство на ситост, добро се за холестеролот и го чуваат здравјето на цревата. Леблебијата содржи растворливи и нерастворливи влакна, велат нутриционистите.

Тоа значи дека му помагаат на дигестивниот тракт, спречуваат запек и ја придвижуваат перисталтиката на цревата. Растворливите влакна се врзуваат за ЛДЛ – “лошиот” холестерол во дигестивниот систем и го отстрануваат од телото заедно со другиот отпад пред да се апсорбира.

Ова помага во борбата против таложењето на таквиот холестерол во артериите и на крај го намалува ризикот од срцев удар, мозочен удар и висок притисок. Храната богата со протеини и влакна, како што е леблебијата, овозможува долготрајна заштита и контрола на телесната тежина.

IV ЛЕБЛЕБИЈАТА СОДРЖИ “ЗДРАВИ МАСТИ” . Влакната не се единствените хранливи состојки во леблебијата кои му помагаат на здравјето. Оваа билка содржи незаситени масни киселини, за кои е докажано дека му помагаат на здравјето на срцето.

Покрај тоа, леблебијата е извор на алфа-линоленска киселина, вид на омега-3 масна киселина, но од билно потекло, која може да помогне во подигањето на нивото на ХДЛ холестеролот, познат како “добар” холестерол. Па така, натаму, помага во намалувањето на триглицеридите и притисокот, ако е вклучена во редовната исхрана.

Леблебијата се вклопува во различни видови храна. Може да се ужива во неа во рамките на различни терапевтски диети, за здравје на срцето, против дијабетес, за оние кои се нетолерантни на глутен, за веганите, вегетаријанците и медитеранците.

СОДРЖИ МНОГУ МИНЕРАЛИ / Мешунките се одличен извор на фолати, цинк, бакар, железо и манган. Консумирањето на леблебијата во текот на бременост може да и помогне на трудницата да ги задоволи своите потреби за фолати, што за возврат може да го намали ризикот на бебето да развие вродени недостатоци, велат нутриционистите.

Цинкот е минерал важен за развој на клетките задолжени за одбрана за телото од токсини или страни супстанции кои го загрозуваат имунитетот. Бакарот и железото заедно му помогаат на организмот да формира црвени крвни зрнца, а манганот е корисен за контрола на шеќерот во крвта.

VI КАКО СЕ КОРИСТИ ЛЕБЛЕБИЈАТА ВО ИСХРАНАТА – Благодарение на својата текстура и јаткастиот вкус, леблебијата одлично се вклопува во речиси секој оброк.

Одлична е во медитеранските салати кои содржат сув домат и карфиол, кељ, маслинки, фета сирење, потоа се користи варената леблебија и во облик на хумус. Понатаму, може да се додава во смути или сечкана во салата. Печената крцкава леблебија може да се додава како украс во разни кремасти чорби и потаж.