I – Ги исчистив талозите од бигор без прст да мрднам: Осум милиони луѓе се воодушевени, а еве го трикот

Кујната е срцето на домот и местото каде ја приготвуваме храната со голема љубов за своите најмили.

Ако ве загрижуваат наталожени дамки од бигор и не знаете како да ги отстраните, постои еден трик од жена која го објави во една група за домаќинство.

Рецептот беше споделуван на сите социјални мрежи, а осум милиони луѓе беа воодушевени од резултатот. Она што е најдобро во овој трик е тоа што не бара речиси никаков труд ниту употреба на поголема физичка сила.

Еве во што се состои тајната на овој трик: Натопете некоја стара крпа во оцет, а потоа обложете ги проблематичните делови околу чешмата. Обратете внимание добро да бидат прекриени сите делови со оцетот.

Вака оставете да отстои најмалку еден час или преку цела ноќ, а потоа земете еден стар сунѓер и нежно протријте. Не користете нов сунѓер, зошто може да биде премногу груб и да остави траги, но затоа користете некој стар излитен сунѓер.

Нема потреба од употреба на голема сила, само нежно протријте и дамките ќе исчезнат. Чешмата ќе биде како нова. ОВДЕ.

II – Се сретнав со проблем од неколку жолти дамки во кадата и тоа баш тврдокорни – ама брзо најдов лесно решение

Се сретнав со проблем од неколку жолти дамки во кадата како што можете да погледнете од фотографијата. Беа тврдокорни, па си помислив дека дошло време да ја менувам кадата.

Ама не сум сега баш во финансиска состојба да купувам нова када, а не можев веќе да ја гледам таква кадата. Не знам од што се создале овие грди дамки, ама тоа и не беше толку важно, туку како да се ослободам од нив?

Купив доста разни производи и наседнав на глупавите реклами од типот “Сè чисти освен образот ваш”, па морам да ви кажам дека си потрошив и време и пари, а проблемот си остана, дамките уште тврдокорно си седеа во кадата.

Потоа зедов да истражувам на интернет, и нема да ви се верува, ама решението го пронајдов во кујната.

Затоа одлучив со вас да го споделам овој многу ефикасен рецепт. Кога мојата када повторно блесна со белина како да е нова, на мојата среќа и немаше крај.

Постапката се состои од 4 делови. Не знам кој дел точно помогна, зошто морав сè да пробам, па затоа ќе ви ги откријам сите, зошто можеби токму сите 4 се решението.

-ПРВА ПОСТАПКА: Направете мешавина од оцет и вода во иста количина. Затнете ја кадата и истурете ја оваа мешавина. Оставете да делува 10-тина минути… Ништо не се случи, ова не ми помогна и затоа преминав на следниот рецепт.

-ВТОРА ПОСТАПКА: Наросете ги дамките со сода бикарбона и прелијте ги со мешавината од првата постапка. Оставете 15-тина минути.

-ТРЕТА ПОСТАПКА: Измешајте сода бикарбона 2/3 и хидроген 1/3. Оставете половина час да делува. Повторно немаше ефект, па преминав на четвртиот рецепт, по кој добив блескаво бела када.

-ЧЕТВРТА ПОСТАПКА: Во чаша вода растворете кесичка лимонска киселина. Оставете 20 минути и на крај како резултат го добив она кое го очекував, чиста бела када како нова, “од која може да се јаде”- што би рекле старите.

Тоа е тоа. Доколку го имате истиот проблем, спроведете ги сите четири рецепти по тој редослед или скокнете веднаш на четвртиот. Јас ви ја опишав целата процедура.

III – Ми кажаа да направам вака, а после почнаа да испаѓаат цели парчиња нечистотија од машината за перење

Од машината излезе еден куп нечистотија откако го испробав овој трик за нејзино чистење. Резултатите ме оставија без зборови. Редовно ја чистам машината со оцет, но дури кога го пробав ова, видов всушност какви се гадости се кријат во мојата машина за перење алишта.

Во Фејсбук групата “Mums who clean” една жена сподели фотографии од своето откритие, а жените од групата истовремено беа и згорзени, но и самите едвај чекаа да го испробаат овој метод за чистење на машината за алишта.

“Верувале или не, само седум дена пред ова ја пуштив машината како и секогаш да сврти еден програм за чистење со оцет и топла вода. Секогаш мислев дека тоа е доволно, но потоа ми кажаа за овој трик со таблета за машина за садови. Одлучив да го пробам” – вели оваа мајка.

Трикот, како што вели таа, се состои во тоа што, манесто детергент за перење алишта, се става таблета за садови и се пушта машината на си го одработи циклусот. Ќе забележите купишта нечистотија за која не сте ни знаеле дека ја имате во машината.

„Барабанот ми блеска како никогаш порано, а во водата која ја пуштив да тече во када, забележав и поголеми парчиња стврднат бигор и нечистотија. Се згрозив кога видов што сè излезе низ цревото”, вели оваа мајка.

Трикот веќе го испробаа некои жени од групата и велат дека подеднакво се згрозени од резултатите, но дека машината никогаш не им била почиста.

IV – Како на најлесен и најбрз начин да ги исчистите венецијанските ролетни

Повеќето прозори денес не можат да се замислат без популарните венецијанки. Меѓутоа, нивното чистење и одржување не е така едноставно и бара малку повеќе време и трпение. Но, еве како себеси можете да си го олесните чистењето.

Потребни состојки: топла вода, алкоxолна киселина, чиста памучна крпа или чорап

Постапка: Доколку немате крпа во моментот, за оваа намена најдобро може да послужи некој памучен чорап кој го си го изгубил својот пар, а сепак сте го сочувале. Потребно е само да го навлечете на рака како ракавица.

Направете го следното: Измешајте еднакви количини топла вода и алкохолна киселина. Натопете го чорапот во овој раствор, навлечете го на рака, па со него поминувајте по ребрата на ролетната.

Поминувајте го секое ребро посебно од двете страни (само опфатете го со палецот и другите прсти и повлекувајте полека). Кога чорапот ќе за извалка, само исперете го во чиста вода и продолжете ја постапката.