Навистина не знам од каде потекнува името Крешенти, овој рецепт го препишав уште дамнешна 1973 година од еден стар готвач на мајка ми.

Ова се моите ровки колачи од детството, а сега им се омилени и на моите деца.

Потребни состојки:

350 г меко брашно
200 г маст или путер (омекнат на собна температура)
150 г шеќер
1 јајце
2 жолчки
рендана кора од еден лимон, прстофат сол
2 кесички ванилин шеќер
2 лажици рум
150 г мелени бадеми или ореви
2 белки

За глазура:

100 г чоколадо за готвење
40 г путер

Постапка:

1.Измешајте: путер, шеќер, ванилин шеќер, јајце, жолчки, кора од лимон, додајте брашно и рум. Замесете тесто и оставете да одмори во фрижидер најмалку еден час.

2.Од тестото обликувајте топчиња со величина на цреша, па натопувајте ги во белките.

3.Потоа валајте ги во мелени бадеми или ореви.

4.Редете ги на плех обложен со хартија за печење.

5.Печете ги 20 минути во загреана рерна на 180 степени.

6.На пареа растопете го чоколадото со путерот, па спојувајте ги две по две и редете ги во кутија.