Фото и рецепт: Иванка Цизмиќ

Потребни состојки:

1 кг брашно
250 мл вода
50 мл масло
2 лажички сол
1 коцка свеж квасец (40 г)
1 лажичка шеќер
јас додадов и малку (млак) јогурт во замесувањето

за фил:

300 г младо сирење или фета сирење
1 јајце

За премачкување:

1 жолчка за премачкување
30 г путер

за наросување: сусам, црн сусам, ленено семе, ким

Постапка:

прво активирајте го квасецот во млака вода со шеќер и малку брашно, убаво да се раствори и да се остави на топло 10-тина минути за да се активира.

Потоа се додаваат влажните состојки, па со постепено додавање на брашно се замесува средно меко тесто кое не лепи на раце. Тестото се остава да стасува на топло додека да се удвои.

Потоа од него се вадат топчиња, се развлекуваат во корички и се полнат со филот од сирење. Се виткаат и кравајчињата се редат во малку намастена тепсија.

Одозгора се премачкуваат со жолчка, се наросуваат со сусам или по ваша желба, одозгора им се ставаат парченца путер и се оставаат да киснат уште еден час.

Се печат во однапред загреана рерна на 250 степени околу 30 минути.

Фото и рецепт: Иванка Цизмиќ