Здравствените ефекти на мастите во исхраната се контроверзни. Сепак, експертите се согласуваат дека маслиновото масло – особено екстра девственото – е добро за човековиот организам. Еве 11 здравствени придобивки од маслиновото масло кои се поддржани од научни истражувања.




Маслиновото масло е богато со здрави мононезаситени масти

Маслиновото масло е богато со мононезаситена олеинска киселина. Се верува дека оваа масна киселина има многу корисни ефекти и е здрав избор за готвење. Студиите сугерираат дека олеинската киселина ги намалува воспаленијата, па дури може да има корисни ефекти врз гените поврзани со карцином.




Маслиновото масло содржи големи количини на антиоксиданти

Екстра девственото маслиново масло е полно со антиоксиданти, од кои некои имаат силни биолошки ефекти. Овие антиоксиданти се биолошки активни и можат да го намалат ризикот од хронични заболувања.




Тие исто така се бо-рат против воспаленијата и помагаат во заштита на холестеролот во к рвта од оксидација – две придобивки што можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања




Маслиновото масло има силни антиинфламаторни својства

Хроничното воспаление се смета за водечки двигател на болестите како што се рак, срцеви заболувања, метаболички синдром, дијабетес тип 2, Алцхајмерова болест, артритис, па дури и дебелина.




Екстра девственото маслиново масло може да ги намали воспалителните процеси во организмот, што може да биде една од главните причини за неговото здравствени придобивки.




Маслиновото масло може да помогне во спречување на мозочен у дар

Неколку големи студии покажуваат дека луѓето кои кон-сумираат маслиново масло имаат многу помал ризик од мозочен у дар, втор најголем y биец во развиените земји.

Маслиновото масло може да се боpи против Алцхајмеровата болест

Некои студии сугерираат дека маслиновото масло може да се бopи против Алцхајмеровата болест, сепак потребни се повеќе истражувања за ова да се утврди 100 процентно.




Маслиновото масло може да го намали ризикот од дијабетес тип 2

И опсервациските студии и клиничките испитувања сугерираат дека маслиновото масло во комбинација со медитеранската исхрана може да го намали ризикот од дијабетес тип 2.




Антиоксидансите во маслиновото масло имаат антиканцерогени својства

Прелиминарните докази сугерираат дека маслиновото масло може да го намали ризикот од рак, но потребни се дополнителни студии.

Маслиновото масло може да помогне во лекување на ревматоиден артритис

Маслиновото масло може да помогне во намалување на б олката во зглобовите и отокот од ревматоиден артритис. Корисните ефекти се значително зголемени во комбинација со рибино масло.




Маслиновото масло има антибактериски својства

Екстра девственото маслиново масло има антибактериски својства и се покажало дека е особено ефикасно против Helicobacter pylori, еден вид бактерија што може да предизвика чир на желудник и рак на желудник.




НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.

Изјава за одрекување од одговорност:

Оваа содржина, вклучувајќи ги и советите, дава само генерички информации за здравствените придобивки на одредени природни производи. Ова во никој случај не е замена за квалификувано медицинско мислење. Секогаш консултирајте се со специјалист или со вашиот матичен лекар за повеќе информации. NMD.mk не презема никаква одговорност за овие информации.