Лимонот содржи голема количина на витамин Ц, растителни влакна и разни корисни растителни соединенија. Овие хранливи материи се одговорни за неколку здравствени придобивки.




Всушност, лимонот може да го поддржи здравјето на срцето, контролата врз тежината и здравјето на дигестивниот систе. Ова се пет здравствени предности на лимонот засновани на докази.




Поддржува здравје на срцето

Лимонот содржи голема количина на витамин Ц кој здрав за срцето и неколку корисни растителни соединенија кои можат да го намалат холестеролот. Истражувањата покажуваат дека јадењето овошје и зеленчук богато со витамин Ц го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен у дар.




Исто така, откриено е дека растителните соединенија кои се наоѓаат во лимоните – имено хесперидин и диосмин – го намалуваат холестеролот.

Може да спречи камен во бубрег

Камењата во бубрезите се мали акумулации кои се формираат кога отпадните материи се кристализираат и се акумулираат во бубрезите. Сокот од лимон може да помогне во спречување на создавањето на камења во бубрезите. Сепак, за ова се потребни повеќе истражувања.




Заштитува од анемија

Лимонот содржи витамин Ц и лимонска киселина, кои помагаат во апсорпција на не-хем железото од растенијата. Ова може да спречи анемија.

Го намалува ризикот од рак

Студии врз животни покажаа дека некои растителни хемикалии кои се наоѓаат во лимоните спречуваат рак. Сепак, потребни се истражувања и со луѓе. Но, се верува дека има ефект и врз луѓето. Сепак, мора да се направат повеќе студии за да се утврди ова.




Го подобрува здравјето на дигестивниот систем

Растворливите влакна во лимонот можат да помогнат во подобрувањето на здравјето на дигестивниот систем. Сепак, за да се искористи ова, потребно е да се јаде лимонот цел, со кора, (не само да се пие сокот), а тоа значи да биде органски одгледуван.




Лимон за замастен црн дроб

Богатството на витамин Ц со кое може да се пофали овошјето како што е лимонот, е совршена количина на антиоксиданти кои го поддржуваат производството на корисни ензими во црниот дроб. Овие ензими играат исклучително важна улога во ели.минирање на несаканите елементи и соединенија во црниот дроб и активно го деток.сифицираат организмот.




Исто така, лимонот успешно го ели.минира изворот на воспаление на црниот дроб. Овој агрум со жолта боја и кисел вкус е веќе популарен поради голем број здравствени проблеми кои можат многу брзо да се решат.




Сок од лимон – половина лимон исцедете го, а сокот разредете го со одредена количина на вода. Пијте два-трипати на ден во следните неколку недели. Додајте кршен мраз или листови од свежо нане по желба.




НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.

Изјава за одрекување од одговорност:

Оваа содржина, вклучувајќи ги и советите, дава само генерички информации за здравствените придобивки на одредени природни производи. Ова во никој случај не е замена за квалификувано медицинско мислење. Секогаш консултирајте се со специјалист или со вашиот матичен лекар за повеќе информации. NMD.mk не презема никаква одговорност за овие информации.