КОКТЕЛ ПЕЧИВА…Повкусни од пекарските кифли…Чинијата се празни со брзина на светлината…Запишете си го овој рецепт, нема да се покаете…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 мл млака/топла вода
250 мл млако/топло млеко
200 мл јогурт или кисело млеко на собна температура
100 мл масло
2 јајца на собна температура
1 коцка (42 г) свеж квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
1200 г брашно
За премачкување и фил:
омекнат путер
200 г ситно сирење
За валање:
1 жолчка
20 мл млеко
сусам
За премачкување одозгора:
жолчка
ПОСТАПКА:
1.Измешајте ги сите течни состојки со шеќер, сол и квасец, па започнете постепено да го додавате брашното. Кога тестото ќе згусне, истресете го на набрашнета површина и месењето продолжете го со рака.
2.Месете го неколку минути додека да се измазни. По густина треба да биде средно меко. намастете го малку масло и оставете го да ферментира во намастен зад, на топло место, 45 минути или колку што е потребно за да го удвои волуменот.
3.Намастете ја работната површина и истресете го стасаното тесто и веднаш (без премесување) поделете го на три или четири дела за полесна работа. Обликувајте топки без многу да ги месете.
4.Секоја од топките развлечете ги со оклагија во правоаголни кори.
5.Кората преку цела површина во тенок слој премачкјате ја со омекнат путер и посипете ситно сирење.
6.Кората исечете ја на ленти со широчина од 3-4 прсти.
7.Свиткајте ги лентичките во ролнички.
8.Секоја ролничка поставете ја вертикално и сплескајте ја со дланката, да добиете крушна погачица со дебелина од приближно 1.5 см.
9.Странично потопете ги во мешавина од жолчка и млеко, а потоа во сусам, за да се обликува прстен.
10.Печивата наредете ги во плех обложен со хартија, на соодветно растојание. Оставете ги да одморат 15-тина минути.
11.Премачкајте ги со жолчка и печете ги во загреана рерна на 180 степени 40 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.