Кокосови гнезда со три состојки и нутела
Овие нежни кокосови гнезда се вистинско уживање за сите љубители на кокосот – едноставни за подготовка, а со богат и кремав вкус што се топи во уста.
Со само три основни состојки и дополнителен крем по избор, ќе создадете околу 35 до 38 слатки задоволства што ќе ги воодушеват сите, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
200 мл слатка павлака за матење
200 г бела чоколада
200 г кокосово брашно
И уште:
3 лажици кокосово брашно
3 лажици нутела (или друг крем по желба)
НМД

Постапка:
Во сад на тивок оган загрејте ја слатката павлака. Исечкајте ја белата чоколада на помали парчиња за побрзо топење и додајте ја во загреаната павлака.
Мешајте постојано додека чоколадата целосно се растопи и се соедини со павлаката. Потоа додајте 200 г кокосово брашно и добро измешајте за да се формира хомогена смеса.
Покријте го садот со пластична фолија и ставете го во фрижидер да се олади и стегне најмалку два часа.
Кога смесата ќе се стегне, земете количество колку орев со лажица и формирајте топчиња. Секое топче извалајте го во преостанатите три лажици кокосово брашно.
Со дршката од кујнска лажица (или со прст) направете вдлабнатина во средината на секое топче. Во секоја вдлабнатина ставете по една лажица нутела или друг крем по желба.
Гнездата можете да ги консумирате веднаш – тие се меки и сочни. Ако сакате да бидат малку потврди, ставете ги во фрижидер на 15 до 20 минути.
Послужете и уживајте во нивниот извонреден вкус! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
https://youtu.be/SqcNDZTv83k?si=ynM1RL7sime-53jY





































