КОЈ САКА ЗДРАВО СРЦЕ, НЕКА ГО ЈАДЕ ОВА ЗА ВЕЧЕРА: вака подготвен оброк е мевлем за кардиоваскуларниот систем (РЕЦЕПТ)

Она што го внесуваме во нашето тело преку храната, во огромна мера влијае врз нашето здравје. Со текот на годините, телото памти како сме се хранеле и ги памти другите наши животни навики кои го одредуваат здравјето кое ќе го имаме во подоцнежните години.




Сите добро знаеме дека високиот холестерол лошо влијае на нашето здравје и дека е многу важно да го одржуваме во границите на нормалата, исто како и нивото на триглицериди. Еден од начините за да го постигнете тоа е да ја изберете вистинската храна.




Нутриционистите препорачуваат еден едноставен оброк -совршено избалансирана вечера, која благотворно влијае на здравјето на срцето, но и на целиот кардиоваскуларен систем.




„Доколку сакате да го намалите нивото на триглицериди, задолжително појадувајте овес. Всушност, високото ниво на триглицериди може да биде поопас-но од високото ниво на холестеролот. Повисоката концентрација на триглицериди во нашето тело од дозволената значително го зголемува ризикот од срцеви заболувања“, советуваат нутриционистите.




Овесната каша ќе го спречи појавувањето на масни честички во кр-вта, кои, акумулирајќи се на ѕидовите на кр-вните садови, може да предизвикаат појава на атеросклероза (задебелување на кр-вните садови и губење на нивната еластичност).




Оброк број 1 – Овесна каша со боровинки. Постапка: 50 грама овесни снегулки прелијте ги со врела вода, додајте една лажичка мед и една рака боровинки и оброкот е готов.

NMD.mk




Оброк број 2 – ‘ржан леб со лук и маслиново масло. Омега-3 масните киселини во маслиновото масло помагаат да се намали количината на триглицериди во кр-вта. За лековитите својства на лукот нема потреба да се зборува бидејќи имаме пишувано многу на оваа тема-тој е едноставно природен антибиотик.




Предлогот на нутриционистот е да земете едно парче ‘ржан леб, да го премачкате со малку маслиново масло и да додадете ситно сечкан лук одозгора. Оброк број 3- смути. Потребни состојки: 1 шолја свежи листови спанаќ (oколу 30 грама), 1 јаболко, 5 лажици лимонов сок (50 мл), 1 лажица овесни снегулки, 1 чаша вода (200 мл).




Постапка: Добро истретирајте ја лушпата од јаболкото со вода и сода бикарбона доколку не е органска, а посебно внимание обратете на чистењето на спанаќот кој во наборите од своите листови може да насобира голем број на бактерии.




Оставете ги листовите да отстојат во вода со сода бикарбона, а потоа темелно измијте лист по лист. Ситно исечкајте ги сите состојки и ставете ги во блендер. Миксајте додека да добиете хомогена смеса, а потоа полека испијте го напитокот. Важно е вечерата да ја спроведувате најмалку 2 часа пред спиење.




Оние кои стра-даат од срцеви проблеми исто така мора да внимаваат и на состојбата на бубрезите. Впечатлив придонес во развојот на хронични бубрежни заболувања се најчесто оние кои се опе-рираат од срцеви и кр-вносадовни болести и оние кои се во напредната возраст.

Срцево-садовните болести ги оште-туваат не само срцето и ткивата на периферијата на организмот, туку претставуваат значаен чинител во оште-тувањата на другите орга-ни како што се бубрезите.

Претходна статијаДИЈАБЕТЕС: Освен на шеќерот, треба да се внимава на уште една многу важна состојка
Следна статијаБАМЈА СО ЈАЈЦА: Вкусно и здраво јадење, за 10 минути готово