Бамјата е многу здрав зеленчук со мешунка полна со ситни семчиња. Може да се зготви на најразлични начини, но во македонската кујна најчесто се употребува во јадењето кое се нарекува „тypли тава“. Вкусна е пржена, динстана и готвена во вид на чорба.




При готвењето бамјата станува слузава, и тоа е она што е специфично за неа, но и затоа е лековита. Доколку не сакате јадењето да бида слузаво, тогаш мешунката на бамјата не ја сечете, туку само отстранете ја дршката.




Ова е еден рецепт со кој можете да направите многу вкусно јадење со бамја и на тој начин почесто да ја имате на вашето мени. Еве што сè е потребно за подготовка: ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г бамја, 5 јајца, зелен млад кромид, 1/2 лажичка сол, 1/2 лажичка црн пипер, 1/2 лажичка оцет, масло за готвење




ПОСТАПКА: Бамјата измијте ја, отстранете ја дршката и ставете ја во подлабок сад со вода. Добро исперете ја од ситните влакненца. На страна зовријте вода со сол, па спуштете ги испраните бамји да се подварат околу една минута.




Потоа со решеткаста лажица вадете ги и оставете ги на страна малку да подизладат. На даска за сечење исечете ги на тркалца со дебелина од 3-5 мм. Исечканата бамја оставете ја во еден сад (ќе забележите дека веќе ќе започне да ја иcпyшта слузта).




Во посебен сад скршете пет јајца и изматете ги со виљушка. На страна исечкајте 2-3 млади кромитчиња и додајте ги во јајцата. Посолете и запиперете, а на крај додајте и неколку капки/ половина лажичка оцет.




Изматените јајца додајте ги во исечканата и изладена бамја. Промешајте ја смесата за да се изедначат состојките. Во нелеплива тава загрејте малку масло, па излејте ја приготвената смеса од јајца и сечкана бамја.




Пржете неколку минути додека да се зготват јајцата и послужете топло. Пробајте, ќе се изненадите колку ова јадење е вкусно. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Следниот рецепт е „Тава со месо, бамја, тиква, цвекло и печурки, според рецептот на Гордана Клисарова.




Ова е мојата верзија а вие можете нешто да додадете или одземете по желба. Истото важи и за количините на намирниците. Посебно се динста месото, во случајов свинско и телешко и мали ќофтенца (кои претходно сте ги подготвиле).




Потоа на путер се потпекуваат печурките и во посебен сад се пропржува праз, сос од домати, тиквички, оригано, бело вино, црн пипер и сол. Се пече тиквата и цвеклото и се се реди во тава, па се залива со вино, вода и маслиново масло. Се готви околу околу 30-40 мин….




Сè е претходно полузготвено, па сè се соединува и се доготвува уште малку за да се соединат и измешаат вкусовите. Може да се користи било кој зеленчук….“

турли тава / Гордана Клисарова