Овој рецепт е посветен на другарка ми која обожува кох…Автор на рецептот: Снежана БГ. Колачот е многу сочен и вкусен, се приготвува едноставно, како што впрочем и сите старински колачи се лесни, едноставни, но и многу вкусни. Има повеќе верзии за приготвување на овој колач.

Заедничкото за сите нив е тоа што се приготвува од матени јајца, а потоа пандишпанот се прелива во млечен сируп. Може да биде жолт или чоколаден доколку во пандишпанот додадете какао или чоколадо (или преливот го направите со додаток на чоколадо).

Потребни состојки: 8 јајца, 8 лажици шеќер, 9 лажици пченичен гриз. За прелив: 1 литар млеко, 2 ванилин шеќери, 6 лажици шеќер. Постапка: Кохот многу брзо и едноставно се приготвува, затоа веднаш, уште на самиот почеток треба да се вклучи рерната да се загрее на 200 степени.

Скршете ги јајцата и одвојте ги во посебни садови жолчките од белките. Белките добро изматете ги со миксер, па во цврстиот снег постепено додадете 8 лажици шеќер. Продолжете да матите и натаму со миксерот, додека шеќерот добро да се соедини. Потоа, додека матите постепено додадете ги и жолчките, а во смесата на крај додадете 9 лажици гриз.

Откако ќе го додадете гризот вече не матите со миксер, туку внимателно промешајте со лажица или шпатула. Добиената смеса излејте ја во намастена тепсија и малку наросена со брашно (димензии 20 х 35 см). Ставете да се пече во загреаната рерна и веднаш намалете ја температурата на 180 степени.

Кохот е печен за околу 15 минути, но сепак, проверете со чепкалка кога е готов. Млекото за прелевање ставете го на оган да се свари додека кохот уште се пече. Во млекото додадете го шеќерот и двете кесички ванилин шеќер и промешајте да се растопи.

Штом се испече, уште додека е врел прелијте го со врелото млеко, но полека. Најдобро е со црпалка рамномерно и постепено да се полева, така најубаво ќе се впие преливот. Кохот оставете го прво да излади на собна температура, а потоа пред послужување добро изладете го во фрижидер. Рецепт и фото на SnezanaBG/Coolinarika.com.

Еве уште еден рецепт, исто така од старите тефтери – Прав, старински КОХ од гриз, најдобриот и најлесниот рецепт. Ова е правиот, страински рецепт за кох, кој многу е едноставен и лесен за приготвување. Одличен за разладување во летниот период, но исто така одличен за сладење и во зимскиот периот.

Потребни состојки: 3 цели јајца, 5 лажици шеќер (100 г), 4 лажици гриз (55 г), 2 лажици брашно (30-35 г), 1 ванилин шеќер (10 г) и 600 мл млеко. Постапка: Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Одвојте ги белките, па пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот и ванилата.

Во цврстиот снег од белки додавајте ги жолчките една по една со постојано матење. На крај додадете ги гризот и брашното, па промешајте со жица, лажица или шпатула. Помал плех или керамички сад намастете го со масло и малку набрашнете, па во него излејте ја смесата и израмнете.

Ставете да се пече и веднаш намалете на 180 степени. Печете помеѓу 30 и 35 минути, а ако печете во поголем сад, тогаш колачот ќе ви биде потенок, па треба пократко да печете. Додека се пече колачот загрејте го млекото да биде млако. По вкус можете да му додадете уште шеќер ако сакате кохот да ви биде посладок.

Врелиот колач прелијте го со млекото и оставете да го да се излади на собна температура, а потоа добро изладете го во фрижидер. Сечете на коцки со големина по важа желба и уживајте во сочноста на секој залак. Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.