Проф. д-р Матиќ честопати советува за правилната исхрана и здравиот начин на живеење, па во едно од своите гостувања во Утринската емисија со водителката Светлана Станиќ, тој говореше за болестите на црниот дроб и како на најлесен и природен начин да се исчисти, особено после празници или периоди кога се јаде тешка и масна храна.

Доколку и вие често јадете ваква храна, добро би било да го практикувате овој совет почесто. Проф. д-р Момчило Матиќ истакна дека треба малку да ги намалиме обилните оброци и да не претеруваме со храната. Од здравјето на црниот дроб зависи и целокупната здравствена состојба на целиот организам.

Ако се опуштиме два-три дена нема ништо да ни биде, бидејќи организмот има сопствени механизми кои можат да се справат со тоа. Сепак, луѓето кои подолг период јадат лоша храна, треба да го одморат, да го исчистат и детоксицираат црниот дроб, изјави д-р Матиќ.

д-р Матиќ

Како што вели докторот, чајот од глуварче е најдобар за ова, додавајќи дека е добро да се додаде прополис, поленов прав, ѓумбир во прав, цимет и лимон.

Треба да се пие наутро пред појадок на празен стомак, но претходно треба да испиете чаша топла вода. Овој третман со топла вода и чај од глуварче, е одличен за детоксикација, објасни д-р Матиќ.

Како што објасни докторот таа вода може да биде било каква, па дури и од чешма (зовриена и подизладена, на приближно 37-40 степени Целзиусови), сè додека е загреана, да биде топла.

Најдобро би било кога би можеле да испиете дури две чаши топла вода за да го исчистиме целиот дигестивен систем, но и црниот дроб – изјави д-р Матиќ. Тој истакна дека и сода бикарбоната дава базна реакција, но дека може да направи проблем кај луѓето кои имаат висок крвен притисок.

За детоксикација најважен е внесот на течности и вода, кои на нашиот организам ќе му дадат најдобар резултат – изјави д-р Матиќ. Да се потсетиме, веќе одамна е познато дека глуварчето има способност да го прочистува и регенерира црниот дроб, особено кога станува збор за замастен црн дроб.

Делува како диуретик и исто така, се користи при заболувања како гихт за да се исфрли од телото уричната киселина која се таложи во зглобовите и создава кристали. Покрај ова, со своите детоксикациски моќи, глуварчето ја одржува кожата чиста и мазна. Додека пак, со своите горчливи супстанции ја подобрува дигестијата и лачењето на дигестивни сокови.

Чај од глуварче

Прелијте 2 лажички ситно сечкан сув корен од глуварче или листови со 250 мл топла вода, оставете го да отстои десет минути, а потоа процедете го. Пијте една чаша наутро и навечер, по можност половина час пред оброк. Се препорачува против проблеми со бубрезите, задржување на вода, целулит и дебелина. Емисијата со д-р Матиќ можете да ја погледнете ОВДЕ.