Џејви Лазаро Бадиле II е роден на Филипините и оставен на вратата од сиропиталиште. Тој никогаш не ги запознал своите биолошки родители. Парот кој го посвоил цел живот ги нарекуваше Нанај и Татај. Уште како мал им ветил дека ќе им обезбеди поубава куќа и подобар живот.

Живел заедно со Нанај и Татај во трошна, сиромашна куќа. Семејството кое било на работ на егзистенција, се потрудило момчето редовно да оди на училиште и да да биде што е можно подобар, за да може да си обезбеди добра работа и самостоен живот.

По завршувањето на колеџот и студирањето во Австралија, Џејви заработил повеќе отколку што очекувал. „Сега кога ми се укажа можност да им се оддолжам, на моите родители ќе им обезбедам сè што не ни сонувале дека можат да добијат“, изјави Џејви.

Им купил нова куќа и деновиве со нив патува низ целиот свет. Медиумите ја нарекоа животната приказна на Џејви филмска, во кој сиромашно момче стана милионер благодарение на љубовта.

Нанај и Татај беа сиромашни и немаа многу. Но, тоа беше доволно за да се промени животот на едно дете. Парот од Филипините го посвоил малото момче и му дало сè што можеле да му понудат, а најмногу љубов.

И иако неговиот живот не бил лесен додека растел, Џејви Лазаро Бадиле II сепак станал успешен човек. Додека се искачуваше на социјалните скалила, Џејви ветил дека ќе им обезбеди многу подобар живот на двајцата луѓе кои го засакале повеќе од себеси. Така и направил.

Иако тоа било долго патување, Џејви Лазаро Бадиле II штотуку им ја купил на своите посвоители нивната куќа од соништата. Посвоениот син му се оддолжил на сиромашниот пар кој го примил како дете со тоа што им го дал животот од соништата.

Во објавата на Фејcбук која на крајот стана вирална, Џејви сподели колаж од фотографии со своите посвоители. „Нанај е продавачка, Татај е портир“, напиша тој. „Сега кога имам можност да им возвратам, ќе се погрижам да ги живеат своите соништа подобро од она што некогаш би можеле да го замислат“.

„Имав 3 месеци кога Нанај и Татај ме посвоија“, изјави Џејви за „Bored Panda“. „Животот беше многу тежок. Морав да работам како студент и бевме среќни ако Нанај можеше да направи по 2 оброци на ден. Згора на тоа, живеевме во стан од 20 квадратни метри.

Но, тоа беше доволно за да еден ден Џејви стане успешен млад човек. Тој никогаш не го заборавил ова и постојано напредувал додека Џејви конечно ги добил ресурсите да го оствари сонот на неговите посвоители.

Луксузниот дворец кој тој го купил има 7 спални соби и речиси сè што би можеле да замислите. „Куќата ја платив во готово и таа е изградена за една година. Има 7 спални соби и не донесовме ништо од старото место освен телевизорот што го купив претходно за моето семејство како подарок за Божиќ“.

И тоа е совршено за среќно семејство. Џејви исто така, ќесто ги носи своите посвоители на разни патувања низ светот и поминува што повеќе време со нив. Целата сторија за Џејви можете да ја погледнете ОВДЕ.