Кога јадете компот го лекувате цело тело: 2 рецепти со суво овошје со сите витамини и минерали, се спрема веднаш

Компотот е многу вкусен и здрав напиток во текот на студениот период, бидејќи загрева, закрепнува и има одличен овошен вкус кој потсетува на летото. Секако, компотот е добар да се пие и преку целата година.




Меѓутоа компотот е одличен и за здравјето, бидејќи со неговите својства овозможува регенерација и одржување на младешкиот изглед. Компотот кој е приготвен од суво овошје е особено здрав, бидејќи компонентите кои ги содржи го збогатуваат напитокот со посебни супстанции.




Против замор и с трес. Сувите јаболка и круши кога ќе се сварат како компот, напитокот го збогатуваат со витамини А, Ц, ПП, Б1, Б2 и фруктоза, кои му даваат енергија на телото и ја подобруваат функцијата на мозокот. Затоа, консумирањето компот ќе помогне во намалување на ст-ресот и ќе го опушти и релаксира телото.




КОМПОТ ОД ЈАБОЛКА. Потребни состојки: 500 г јаболка, 500 мл вода, 40 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1/2 лимон, 1 стапче цимет. Постапка: Јаболката измијте ги, излупете ги и исечете ги на плочки.




Извадете им ги семките и парчињата јаболка ставете ги во зовриена вода. Додајте шеќер, ванила, лимон исечен на тркалца, стапче цимет и варете 10-15 минути. Компотот од јаболка се послужува разладен. / Сооlinarika.com




Подобра функција на дебелото црево. Сорбитолот и пектинот се состојки содржани во сувото овошје и ефикасно делуваат врз процесот на варење и придонесуваат за постепено намалување на телесната тежина.




Плус, сливите се богати со витамини Ц, А, ПП, Ц, железо, магнезиум, цинк, јод, кои придонесуваат за правилно функционирање на цревата и гастроинтестиналниот тракт. Компотот од сливи ги отстранува ток-сините од телото и го намалува холестеролот.




ЛАДЕН КОМПОТ ОД СУВИ СЛИВИ, ПОРТОКАЛ И СУВО ГРОЗЈЕ. Со оглед дека не се вари во овој рецепт, сите можни витамини и минерали се сочуваат. Потребни состојки: 1 портокал, 6-7 суви сливи, 5 лажици суво грозје, 2 лажици лимонов сок, 1 полна лажица мед, неколку зрна анис или каранфилче.




Постапка: Сувите сливи и сувото грозје измијте ги, а портокалот излупете го и исечете го на парчиња. Овошјето ставете го во стаклена тегла. Додајте анис или каранфилчиња и залијте со вода во која претходно сте раствориле една лажица мед. Затворете ја теглата со капак.




Малку протресете ја теглата и оставете ја во фрижидер да отстои најмалку 3 дена. После 3-5 дена компотот ќе биде созреан и ќе можете да го послужите. Вкусот е предобар, а за тоа колку е здрав, сами уверете се…




Претходна статија5 ПОСНИ КОЛАЧИ БЕ3 КАПКА МАСЛО: Манастирски рецепти за пoст на вода
Следна статијаЗРНА КАФЕ: Вакви колачи не сте јаделе, излегуваат многу, не се печат и требаат само неколку состојки