Многу антички народни лекови се покажале како многу ефикасни, а постот е меѓу методите со најсилен ефект за обновување на матичните клетки. Истражувањата покажуваат дека продолжените циклуси на постот штитат од намалување на имунитетот и предизвикуваат обновување на матичните клетки.
Тие заклучиле дека постот ги придвижува матичните клетки од состојба на мирување во состојба на самообновување. Спроведени се неколку клинички испитувања кај пациенти кои примале хемотерапија.
”Кога гладувате, организмот има тенденција да заштедува енергија, а една од работите што можете да ја направите за да заштедите енергија е да „рециклирате“ многу имунолошки клетки, особено оние кои би можеле да бидат оштетени за време на фазата на гладување.
Бидејќи постот значително ги троши резервите во мускулите, тоа ја активира регенерацијата на матичните клетки врз основа на нови клетки на имунолошкиот систем. Што е уште поважно, ензимот PKA, кој е поврзан со стареењето и прогресија на туморот и ракот значително се намалува.
Исто така, треба да се напомене дека овој вид пост штити од токсичност во клиничките испитувања во кои пациентите постат 72 часа пред хемотерапија. Хемотерапијата предизвикува значително оштетување на имунолошкиот систем. Резултатите од ова истражување укажуваат дека постот може да ублажи некои штетни ефекти од хемотерапија“, објасни коавторот, д-р Тања Дорф.
Постот е традиција што е всадена од античко време во многу антички култури и постот не смее да се меша со гладувањето. Тоа е процес на ограничување и контролирање на сетилното искуство при јадење и истовремено осигурување дека е направено правилно.
Постот на вода е најкорисен за здравјето, бидејќи тогаш штетните масти се исфрлаат од организмот. Моментално во светот е популарен планот за пост и животот во целост наречен „план 5:2“, кој освен што го штити организмот од разни токсини, успешно ги намалува и килограмите.
После големата популарност на строгата и брза диета 5:2, илјадници луѓе ги намалиле вишокот килограми, па така настана идејата да се примени истиот принцип за целиот живот и напредок во сите негови сегменти.
Концептот на диетата 5:2 е многу едноставен: пет дена во неделата јадете што сакате, а преостанатите два дена постите. За време на овој дводневен пост, жената може да консумира само 500 калории на ден, а мажите 600 калории на ден, а во следните пет дена може да јадете што сакате.
Инспирирана од диетата 5:2, Кејт Харисон во својата нова книга претстави план за живот 5:2 во кој го применува принципот на диетата врз остатокот од својот живот. Како што тврди, со помош на планот за живот 5:2, таа има поголема самодоверба, спие подобро и функционира подобро во сите најважни аспекти на животот.
Одговорот е да си поставите мали задачи два дена во неделата и да ги извршувате во секојдневни обврски – на пат до работа, за време на пауза за ручек или додека ги подготвувате децата за спиење. Поедноставно објаснето, планот 5:2 функционира вака:
Почетокот на планот
Изберете два дена што ќе се вклопат во концептот 5:2, а понеделник може да биде погоден затоа што претставува почеток на работната недела, но дефинитивно е препорачливо секогаш да ги изберете истите денови.
Најидеално е понеделник до петок да бидат деновите за извршување на секојдневните вообичаени обврски, а за време на преостанатите два дена (сабота и недела) направете ги следниве работи:
Изведете ги активностите планирани за тој ден. Прифатете ги предизвиците за извршување на секојдневните задачи – внимавајте секоја активност да трае точно 25 минути. Користете стоперка за да останете фокусирани и обидете се да завршите што е можно повеќе обврски за кратко време. Не заборавајте го одморот во овие два дена.
Важни работи 5:2
Постојат многу докази дека замислувањето подобар живот многу влијае на создавањето на сегашноста. Ова е одлична вежба за почеток. Размислете за вашиот следен голем настан и поставете си прашања како:
Што ќе ви донесе овој важен чекор во животот, како би се чувствувале кога ќе ја постигнете целта, што имате постигнато во животот и дали сте задоволни од себе. Размислете за вашите одговори на тие прашања и што би можеле да направите за да ги постигнете посакуваните цели пред првиот чекор кон следниот голем чекор во вашиот живот.
Мали нешта 5:2
Земете тетратка и напишете го насловот „Ситници“, поставете стоперка и во рок од пет минути и запишете ги сите оние мали обврски што постојано ги избегнувате како на пример: миење на завесата за туширање, шиење копчиња, чистење на мијалникот итн. Погледнете ја листата, проценете која од овие работи можете да ја завршите за време од десет минути и направете го тоа веднаш.
Потоа, додајте уште неколку мали обврски во списокот што би можеле да ги завршите за десет минути и решавајте по една од наведените работи секоја недела за споменатите два дена. Секогаш кога ќе се чувствувате презаситени од тешки обврски, завршете некои ситници од списокот и ќе се чувствувате подобро.
Одвојте време за решавање на проблемите 5:2
Секогаш кога ќе почнете да се грижите за нешто – направете го ова. Во тетратката, накратко опишете што ве загрижува и одредете време за да посветите внимание за решавање на проблемот, наместо постојано да го избегнувате проблемот.
Одредете време за проблемите два дена во неделата, одвојте 20 минути и концентрирајте се на решавање на проблемите. Поставете ја стоперката за 20 минути и поминете низ списокот, а потоа обидете се да преминете на решавање на проблемот. Решавањето на грижите ќе го зголеми вашиот квалитет на живот.
Одвојте време за да го раскренете нередот 5:2
Ако вашиот дом е неорганизиран, таков е и вашиот живот. Сепак, решавањето на нередот во еден момент може да биде застрашувачко, па направете го тоа според планот 5:2.
Поставете ја стоперката 20 минути, изберете ја вашата најмалку омилена просторија во домот и обидете се да ја погледнете од друг агол. Размислете како изгледа, како мириса, без разлика дали е премногу топло или премногу студено во таа просторија.
Напишете решение за секој од наведените проблеми и држете се до планот. Раскренете ја таа соба во еден ден, а следниот ден раскренете друг дел од домот, па така за 2 недели вашиот дом ќе биде целосно среден, а во текот на неделата ќе ги средувате малите работи во домот.
Односи 5:2
Бидете сигурни дека јадете на маса со вашето семејство два дена во неделата, со исклучен телевизор. Напишете список на активности да го поминете со омилените луѓе и одвојте време да поминете време со нив овие два дена.
Финансии 5:2
Управувањето со финансиите може да биде доста напорно, а со цел да го направите поиздржливо, „разделете“ ја грижата за нив во неколку помали активности за да ви биде полесно.
Во еден од овие два дена во неделата, проценете ги вашите лични финансии собирајќи сметки и кога ќе ги разгледате, можете да започнете да развивате стратегија во избраните два дена.
Трошоци 5:2
Фокусирајте се на она што навистина ви треба и што купувате од навика. Запишете што трошите просечно во текот на денот. Потоа, два дена во неделата, поставете си за 25% помал буџет и побарајте начини на кои можете да се забавувате и задоволете се на поевтин начин.
Вежба 5:2
Ако не сте љубител на вежбањето, ова е одличен план за физичка активност за вас. Обидете се да се движите најмалку 20 до 25 минути секој ден. Докажано е дека кратка, но брза физичка активност може да биде подеднакво ефикасна како и одење во теретана.
Движете се додека ги работите вашите секојдневни работи. Еве неколку примери: секогаш одете по скалите наместо во лифтот, додека гледате телевизија направете неколку кругови околу масата, трчајте во место, симнете се една до две станици понапред од автобусот и пешачете до дома.
Овие техники нека ви станат навика за време на неделата, а во текот на викендот одвојте 20 – 25 минути за брзо пешачење.
Расположение 5:2
Кога последен пат направивте нешто за себе што ве натера да се чувствувате одлично? Иако идејата за само-наградување звучи привлечно, вистината е дека многумина немаат самодоверба или мислат дека не го заслужуваат тоа.
За почеток, во текот на еден од двата дена, направете список од десет работи што можете да ги направите за себе и кои ќе ве направат среќни. Тука не мора да бидат вклучени работи што чинат пари.
На пример, почестете се со половина час читање книга, списание, гледање омилена серија или спорт, негување на нозете или подготовка на омиленото јадење со чаша вино. Откако ќе одвоите време за себе, сигурно ќе се чувствувате подобро.
Водете дневник за добрите работи – тоа ќе ве направи уште посреќни и во текот на секои два специфични дена во неделата, забележите три работи кои се промениле кај вас на позитивно. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска