Пред неколку денови на крајот од устата ми се појави една мала раничка. Знаев дека станува збор за херпес, па одлучив да ја излекувам со природни методи, зошто не ми се излегуваше до аптека.

Прво зедов домашна ракија и го натопив тоа место за да го стерилизирам. По мое мислење, би требало да се повлече херпесот. Цел ден се ангажирав околу тоа, го натопував местото, ама наместо да се намали раничката, таа следниот ден беше проширена. Веднаш покрај старата се појави и една нова.

Сфатив дека е време да се промени терапијата.

Бидејќи за херпесот е карактеристично тоа дека тој константно се навлажнува и така се шири, одлучив дека во таа насока треба да го насочам лекувањето. Беше потребно да се сопре тоа влажнење од раничката.

Прашањето беше како тоа да се направи.

Вака го излекував херпесот:

Се сетив дека еднаш успеав да сопрам крвавење со помош на сува мелена црвена пиперка (и за тоа имав прочитано на интернет, па го применив успешно на пресечениот прст).

Зедов малку мелено чили и го втрив на заболеното место. Почувствував благо пецкање, ама не беше неподносливо. Одеднаш, речиси моментно престана да тече од крастата, а веќе за еден час или два почувствував дека состојбата драстично се подобри.

Пиперката го стопираше влажнењето, а што е најважно раничката започна да се намалува.

Секој пат кога ќе се миев или на било кој друг начин ако ми се отстранеше пиперката, јас повторно ставав на заболеното место.

Набрзо од херпесот остана само спомен. Напоменувам дека овој начин на лекување херпес не го пронајдов на интернет ниту некој друг ми го кажал, туку лично експериментирав и успеав.

Се надевам дека некому ова мое искуство ќе му помогне, како што ми помогна на мене. Ќе ми биде драго доколку некој ме извести дека овој текст му бил од корист.