Брз еклер колач – еден од најкремастите колачи кој го правиме во Америка – се топи во уста!

Ова е првиот колач кој некогаш сум го направила, но малку е да кажам колку сум воодушевена. Автоматски ми стана еден од омилените колачи. Кој и да го пробал веднаш почнува да го обожува, а многу едноставно се приготвува. И’ благодарам на пријателката од Америка што ми го даде рецептот.

Потребни состојки:

600 г грахам бисквити (може и некои други)

за фил:

2 кесички инстант пудинг од ванила (1 кесичка=144 г)
5 шолји млеко (шолја од 250 мл+шеќер по вкус)
450 г шлаг (јас користам готов, замрзнат cool whip)
450 г крем сирење на собна температура (јас користам Филаделфија)
2 кесички ванилин шеќер

За чоколаден прелив опција 1:

Loading...

1 шолја шеќер во прав
½ шолја какао
100 г путер на собна температура
1/3 шолја млеко
2 лажици мед
1 лажица ванилин екстракт

за чоколаден прелив опција 2:

15 лажици млеко
4 лажици мед
50 г путер
200 г млечно чоколадо

Постапка:

За фил: Пригответе го инстант пудингот според упатството. Јас не го наведов шеќерот во состојките, зошто овде во УСА пудинзите се веќе многу слатки. Исто така, оригинално во 1 пудинг одат 3 шолји млеко, но јас кога правам колачи ставам 2,5 шолји по кесичка.

Добро изматете го сирењето на собна температура со ванила шеќер (ниту овде не го наведов шеќерот, бидејќи пудингот е толку сладок што не е потребно да се додава дополнително, а вие ако сакате додадете шеќер во прав по вкус).

Додадете и претходно изматен шлаг (или готов шлаг) и лесно изматете само колку да се соединат. На крај додадете го изматениот и изладен пудинг, и исто така лесно измешајте го за да се соедини.

Редење: Подлабока тепсија 40х26 см премачкајте ја со масло. На дното наредете ред бисквити, па преку нив премачкајте половина од филот.

Повторно наредете бисквити, малку притиснете ги со раце да се соединат со филот, премачкајте со остатокот од филот и преку филот наредете бисквити.

Притиснете со раце да се спои со филот, покријте со фолија и оставете во фрижидер околу еден час.

Наведов два вида чоколадни преливи, па можете да користите било која. Кога немам многу време обично ја правам првата верзија.

За првиот прелив: Ставете ги сите состојки во еден сад и миксајте околу 5 минути. Премчкајте го колачот.

За вториот прелив: Сите состојки ставете ги во тенџере и варете ги на пареа додека да се растопат чоколадото и путерот, внимавајќи да се превари. Оставете малку да излади па прелијте го преку колачот.

Готовиот колач оставете го преку ноќ во фрижидер за да може добро да се соедини и бисквитите да омекнат. Најдобро е да се послужи после 24 часа.

Овој колач можете и да го замрзнете 2-3 часа, да го извадите и исечете на коцки, па повторно да го вратите целосно да се замрзне. После можете да го послужувате како сладолед.

Напомена: Јас користам готов смрзнат шлаг, а вам ако не ви е достапен, тогаш пригответе две кесички шлаг или изматете слатка павлака.

Loading...