Експертите предупредуваат дека доколку имате дефицит од два клучни минерали во организмот, колку и да се обидувате да ослабете со ригорозни диети, топењето на мастите ќе оди многу тешко и споро.

Многумина не знаат дека недостигот на некои витамини и минерали во телото предизвикуваат неодолива желба и потреба за благо, па дури и за нездрава храна – велат тие.

Ако сакате да ослабете во исхраната мора да воведете намирници кои се богати со хром и цинк. Во спротивно, вашата борба со вишокот килограми ќе биде тешка, долготрајна, а можеби и безуспешна – нагласуваат нутриционистите.

Хромот им помага на клетките да ја апсорбираат глукозата и ја зголемуваат телесната чувствителност на инсулин.

Кога телото има доволно хром во организмот, телото ги користи јаглехидратите како извор за енергија, без да ги претвора во масти.

Ако ви недостига хром, постојано чувствувате потреба за нешто благо, не можете да ја издржите гладта, а телото постојано “ви бара” да изедете чоколадо.

Минералот хром може да се најде во морските плодови, говедското месо, месото од живина, семките од тиква.

Цинкот е одговорен за метаболичките процеси, особено за варење на мастите и јаглехидратите. Особено придонесува за физичка издржливост, јакнење на имунитетот, за подобро памтење и функционирање на репродуктивниот систем.

Без доволна количина на цинк во организмот, нема да можете да ги постигнете посакуваните резултати од диетата што сте ја спровеле.

Храна богата со цинк е квасец, сусам, семе од тиква, говедско, какао, жолчка од јајце, интегрална пченица.