КАНДИЛ ЃЕВРЕЧИЊА…Однатре меки како душа, а однадвор со тенка крцава коричка и неодолив мирис…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
125 г растопен путер/маргарин
50 мл масло
1 јајце
1 лажица јогурт/кисела павлака
1 лажица шеќер во прав
1 кафена лажичка махлеп (зачин со вкус на бадем и цреша)
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка сол
3 чаши (од 200 мл) брашно
За потопување и валање:
100 мл вода
30 мл меласа
1 чаша печен сусам
ПОСТАПКА:
1.Во садот за месење ставете ги наведените состојки освен брашното и измешајте. Постепено додајте го брашното и замесете меко тесто кое не се лепи за рака.
2.Од тестото кинете парчиња со големина на орев, направете долги тенки ролнички и спојувајте ги краевите за да добиете облик на прстен.
3.Потоа растворете ја меласата во вода, а во друг сад сипете печен сусам.
4.Ѓевречињата потопувајте ги прво во водата со меласа, а потоа во сусамот и редете ги во плех обложен со хартија за печење.
5.Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/Wiz04_cEVyU?si=MNZtKCuYgJfXLQo3