Повеќе од сигурно е дека животот нема да биде повеќе ист. Кога ќе се прогласи крај на пандемијата, многумина ќе бидат многу повнимателни и попретпазливи отколку што биле пред короната.

Корона вирусот го погоди целиот свет и секој ден претставува голем предизвик во борбата против Ковид 19.

Промени во поздравувањето: Готово е со ракувањето!

Одбегнувањето на ракувањето е една од највидливите промени во социјалните норми поради корона вирусот.

“Во ова ново време корона вирусот и праксата на социјално дистанцирање ќе предизвика културолошки напредок во начинот на кој сите се поздравуваме.

Ракувањето, прегратките и бакнежите се начин на поздравување кои во овој момент треба да се напушти.

Социјалното поздравување сега може да вклучува “рака на срце”, климнување на глава или било какво друго движење кое овозможува избегнување на директен допир или контакт” – вели д-р несочи Океке-Игбокве.

На јавните места ќе има повеќе средства за дезинфекција

После епидемијата веројатно ќе бидат поставени повеќе средства за дезинфекција на рацете на работните и јавните простори.

“На пример, средства за чистење може да бидат поставени на рецепциите или покрај конференциските сали” – вели ЦЈ Ксиа, експерт за маркетинг и продажба во калифорнија и додава дека тоа нема да биде реткост како порано.

Ќе има подобар одговор за клиентите

Поради пандемијата многу фирми беа присилени да одберат тим за основно функционирање. Токму тие се најдоа пред новиот предизвик и дури сега учат некои нови работи кои ќе им ги олеснат новите начини за работа.

Исто така, службите за корисници сега имаат премногу побарувања, па и тие мораа да се прилагодат на новата ситуација.

Поради тоа во иднина ќе работат уште поефикасно. Пандемијата покажа кои вештини се неопходни во состојба на криза, па многумина ќе се определат токму за такви ситуации.

Промена во однос на рестораните

Ручекот во ресторан, па дури и доставата сега се прилично поинакви за разлика од пред неколку седмици.

Џоан Монесингеу, експерт за финансирање на ресторани вели дека е воочен напредок во начинот на кој гостите јадат во рестораните.

“Рестораните во кои се вечера имаат најголем пад на продажбата, додека пекарниците кои немаат многу трпезариски маси се најзафатени од било кога досега”, вели тој.

Иако е нејасно на кој начин ќе се промени нашиот однос кон рестораните кога сето ова ќе заврши, веројатно ќе има промени. На пример, може да се прошири доставата, а во рестораните да бидат појасно објавени мерките за хигиена.

Фирмите ќе им дозволуваат на вработените да работат од дома

Во текот на вонредна состојба е вообичаено да се работи од дома, но и кога ќе заврши епидемијата, некои фирми можат да им дозволат на своите вработени ваков начин на работа.

“Еднаш кога ќе увидат фирмите и нивните вработени дека работата од дома не е само нужна, туку може да биде и попродуктивна, тоа би можело да доведе до големи промени во бизнис сферите ширум светот” – вели Ангела Аш, маркетинг-автор.

Нов начин за притискање на копчињата

Дури и пред корона вирусот, повеќето луѓе беа свесни за количината на бактерии на секојдневните јавни места, како банкомати, кваки, копчиња во лифтови и сл.

Окека-Игбокви вели дека луѓето би можеле да започнат со притискање на копчињата на лифтот со лакт или дури со пенкало, наместо со прсти.

“Директното допирање со прсти ќе биде само минато” – смета таа.

Крај на грицките и закуските во баровите?

После корона вирусот веројатно во баровите повеќе нема да се послужуваат кикирики, апетисани и слични грицки.

Покрај тоа, луѓето со претпазливост ќе гледаат и на баровите со салати и слично.

Луѓето посериозно ќе го сфаќаат својот личен простор

Социјалната дистанца е неопходна во борбата против Ковид 19. Но, многумина и после пандемијата ќе бидат повнимателни кога ќе им се доближуваат непознати луѓе, и ќе настојуваат да држат доволно растојание за да одбегнат различни зарази.

Почесто ќе ги миеме рацете

Честото миење на рацете во траење од 20 секунди со сапун, е најдобрата заштита од корона вирусот. Покрај тоа, се препорачува и употреба на дезинфекциони средства.

Меѓутоа, таа навика може да остане и после пандемијата, бидејќи многумина ќе бидат попетпазливи и подобро ќе се чуваат од потенцијалните зарази.

Можеби ќе започнеме да одбегнуваме гужви

Многумина во животот мораат да влезат во преполн автобус или лифт за да стигнат навреме на одредена локација.

Но, кога ќе ја победиме короната, многумина ќе размислат двапати пред да влезат меѓу некоја поголема група луѓе.

Повеќе ќе внимаваме на другите

Постојат луѓе кои мислат дека не можат да се разболат бидејќи не спаѓаат во различната група луѓе за добивање на корона. Но, тие луѓе не ја сфаќаат поентата на самоизолација, односно дека со тоа не се штитиме само себеси туку и другите, што е веројатно уште поважно.

После пандемијата веројатно ќе бидеме свесни и за тоа како самите влијаеме врз здравјето на другите луѓе.

Училиштата ќе бидат поспремни за он-лајн учење или учење на далечина

Образовниот систем е доста погоден во текот на пандемијата, што веројатно ќе биде причина за некои промени во иднина.

Постои можност повеќето предавања да бидат достапни онлајн, па повечето училишта ќе набавуваат опрема за таков вид на настава. Покрај тоа, ќе се изработат и детални планови како да се постапува ако ваквата ситуација се повтори во иднина.