Многупати на Интернет сме наидувале на снимки во кои талентирани и инвентивни луѓе во своите домови изработуваат некои корисни направи од материјали и делови кои многумина ги фрламе во ѓубре.

Меѓутоа, тие луѓе изработуваат некои од тие материјали кои сигурно може да се користат за некои бизнис или други сфери, а овој уред би можел да го направи било кој од нас.

Она што ви е потребно, се четири поголеми пластични шоишиња за пиво, една тенка метална шипка (околу еден метар) и некое силно лепило.

Голем број луѓе во своите градини и бавчи имаат проблем со кртовите и се прашуваат како да се ослободат од овие животинки на хуман начин, без употреба на разни отровни средства.

Многумина луѓе едноставно сакаат да го избркаат кртот од својот двор, без да му наштетат на истиот.

Пензионерот Петер Новак успеал да ја заштити својата градина со уред кој самиот го осмислил. Тој потврдува дека уредот е тестиран и ефикасен.

Го испробала и му го донела снаата Ивана, која со помош на оваа направа ефикасно се ослободила од кртот и тоа од голем двор.

Она што е потребно да се направи е следното: Земете две шишиња и пресечете ги приближно до половина. Половините спојте ги со помош на лепак, така што грлата на шишињата ќе се најдат на спротивните страни.

Едно од грлата затворете го со капак. На преуреденото шише залепете му четири пропелери, изработени од скратените шишиња со дно.

Вака изработената направа набодете ја на металната шипка, пака што чепот ќе дојде на врвот од шипката. Шипката мора да биде тенка, за да може и на најслаб ветер да се врти оваа направа, исто како ветерница.

Звукот кој го произведува оваа пластична направа од удирањето на пластиката од металниот ослон е непријатна за ушите на кртот, па тој бега и бара ново место за живеење.

Обидете се и вие во вашиот двор доколку имате проблем со кртови. Не е голем трошок, може да биде многу ефикасно и никој притоа нема да страда.

А за направата ќе искористите рециклирани материјали.